Подобрување на употребата на ИКТ во училиштата

Компонентата на ПЕП за ИКТ во образованието ја поддржува компјутеризацијата на основните училишта во Македонија преку обуки на наставниците, развивање на решенија за одржување на компјутерската опрема, обезбедување на дигитални содржини и воведување иновативни начини на употреба на ИКТ, како што се компјутерска контрола, роботика, електронска музика и снимање на видео и аудио записи.

Оваа компонента се стреми кон:

  • зголемување на употребата на ИКТ во сите наставни предмети во основните училишта и

  • воведување на ефективни и образовно полезни начини на употребата на ИКТ

Познавањето на работа со компјутер е само еден аспект. Знаејќи како да се искористи компјутерот да се создаде искуство за учење кое промовира мисловни вештини кај учениците е сосема друга работа. ПЕП работи со македонските наставници, директори и сите други засегнати страни за да развие програма за обука која ќе им овозможи на наставниците знаења и вештини кои им се потребни при користење на ИКТ во училницата.
За да им помогне на училиштата во одржувањето на компјутерите и останатата компјутерска опрема, (а со тоа да го зголеми пристапот на учениците до компјутерите) ПЕП го воведе концептот на Ученички тимови за техничка поддршка (УТТП). Членовите на УТТП се ученици од седмо и осмо одделение кои се надгледувани од двајца обучени наставници. На крајот на секоја учебна година, се избираат нови ученици како членови на УТТП. Со тоа, системот има самоодржливост и УТТП секогаш ќе има нови членови.
ИКТ компонентата го поддржува развојот на дигитални содржини за македонските училишта и помага при адаптирање и локализирање на постоечките апликации на македонски и албански јазик. Фокусот е на математиката и природните науки, но содржините кои се создаваат ќе најдат примена и во другите наставни предмети. Ова ќе им овозможи на учениците придобивки од модерната технологија во сите предмети.
ПЕП воведе иновативни хардверски и софтверски решенија во избрани основни училишта во Македонија. Опсегот на хардверот е од лаптопи со ниска цена до електронски микроскопи, опрема за снимање музика, роботи и контролна технологија. Целта на оваа активност е да се измери влијанието кое различни решенија може да го имаат за постигање на образовните цели и да се демонстрираат различните достапни опции на ИКТ на клучните личности во образованието. ПЕП проектот ќе ги надгледува и ќе им дава поддршка на овие училишта за целото свое времетраење.

 

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИДАЕД

 

 

 

Апликациска форма за развивање на материјали за обука за ИКТ опрема

 

 

USAID Web Site AED Web Site