![]() |
|||||||||
Подобрување на наставата по математика и природните науки Главна цел на оваа компонента е да помогне учениците да се оспособат за критичко размислување што ќе им овозможи да постигнуваат успеси во глобалната економија базирана на знаење. Ќе ги обучи наставниците по математика и природната група предмети да користат активни методи во наставата, како што се методите на учење преку решавање проблеми, учење преку истражувања и учење преку работа на проекти. (Со комбинација на обука на обучувачи, наставници ментори и преку каскадни и училишни модели на професионален развој, ПЕП ќе допре до скоро сите наставници по математика и природната група предмети и ќе обезбеди усвојување и практикување на ефективна и иновативна наставна пракса на нивните часови. Во рамките на програмата на ПЕП, наставниците ќе имаат на располагање повеќе системи за поддршка, како што се: професорите методичари од Универзитетот во Индијана, професорите методичари од Универзитетите во Македонија, советниците од Бирото за развој на образованието, инспекторите од Државниот просветен инспекторат, обучувачите, менторите, другите партнери за обука, како и лидерите на тимовите за колегијално учење на ниво на училиште). Ќе помогне во иновирање на наставните програми по математика, основи на наука и природната група предмети, со цел учениците да се оспособуваат за нивната идна улога на работното место во 21ви век. (ПЕП ќе обезбеди поддршка при изготвувањето стандарди базирани на знаење за секој предмет , како и стандарди за настава по математика и природни науки). Ќе помогне во развојот на активите на наставници по математика и природната група предмети, друштвата и здруженијата на наставниците, со што ќе се овозможи воспоставување систем за професионален развој на наставниците (со ова ќе почне да се создава модел на успешни партнерства за взаемна поддршка меѓу наставниците од сите степени во системот на образование). Ќе обезбеди обука и осмислување на содржини за работа на природно-математички ученички клубови во рамките на училиштата кадешто учениците ке работат на истражувања и проекти. Ќе развива печатени, дигитални и практични едукативни материјали што ќе ги унапредат поучувањето и учењето; (ПЕП ќе работи на унапредување на вештините на наставниците за креирање соодветни едукативни средства, од наставни единици и поединечни планови па се’ до концепти кои се посложени за учениците. Со тек на време, ПЕП ќе развие модели скоро за секоја наставна тема. Сите подготвени модели и материјали ќе бидат достапни за сите наставници во дигитална и печатена форма). Вработените на ПЕП ќе обезбедат обука на работни групи коишто ќе изготвуваат тест задачи кои мерат способности за критичко и аналитичко размислување, решавање проблемски ситуации и истражувања.
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер ©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД
|
|||||||||