Унапредување на наставата по математика и природни науки











 

 


            Главна цел на оваа компонента е да се помогне, учениците да ги развиваат способностите за критичко размислување за да успеат во глобалната економија базирана на знаење. Ова се остварува во партнерство со Индијана Универзитетот.
За да го постигне ова, ПЕП работи на:

Обука на наставниците по математика и природни науки за користење  модерни, активни наставни методи, како што се методите на учење преку решавање на проблеми, учење преку истражување и учење преку работа на проекти - Преку различни модели на професионален развој, како што се менторска поддршка од наставници, обуки на регионално ниво и поддршка во училиштата, ПЕП работи со наставниците по математика и природните науки за да им помогне да усвојат  ефективни и иновативни приоди во наставата и да ги применуваат во работата со своите ученици.  ПЕП дизајнира и спроведува обуки за наставниците по математика и природните науки. До крајот на проектот, во септември 2011, ПЕП планира да ги обучи сите наставници по математика и природните науки во  основните  училишта во Република Македонија.   

Подобрување на наставата по математика и природни науки од 1 до 3 одделение - Во партнерство со фондацијата Чекор по чекор, ПЕП обучи 30 обучувачи, советници од Бирото за развој на образованието и наставници од одделенска настава, и организира обуки за одделенските наставници за  користење активни методи во наставата по математика и запознавање на околината.
 
Развивање систем за поддршка на професионалниот развој на наставниците на ниво на училиште, регион и државно ниво - ПЕП им помага во работата на активите на наставници и регионалните тимови за учење со материјали и активности за континуиран професионален развој.  ПЕП исто така, организира посета во училиштата и  поддршка за обучените наставници. За споделување инфомации и за подобра комуникација меѓу наставниците, воспоставен е блог: http://mspep.blogspot.com

Осмислување на активности за секциите по математика и природни науки во училиштата- Ова вклучува поддршка на училишни и регионални натпревари за проекти по математика и природните науки.

Изготвување на печатени, дигитални и прирачни материјали за подобрување на поучувањето и учењето - Во соработка со обучувачите по математика и природните науки и консултантите од Индијана Универзитетот, ПЕП изготви прирачници за наставниците, примери од планирања на наставни содржини и видео – часови, како и прирачни материјали кои наставниците можат да ги користат во нивната работа со учениците. Овие материјали се достапни за сите наставници по математика и природните науки во електронска и печатена форма. Исто така се идентификуваат и прилагодуваат дигитални материјали, за користење на компјутерите во наставата по математика и природни науки во Македонија.
Реализација на новите наставни програми по математика и природни науки-
ПЕП ги поддржува работните групи на Бирото за развој на образованието во изготвувањето на новите наставни програми по математика, физика, хемија, биологија и географија. Ние им овозможуваме на наставниците стекнување на знаења и вештини потребни за воведување приод во наставата насочен кон ученикот, кои што се соодветни  на барањата во новите наставни програми.