ОЦЕНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ НА ЧАС ПО ИСТОРИЈА
Оливера Гриченко, е наставничка по историја од ОУ “Александар Здравковски“ од Јегуновце и во 2008 година ги посетуваше семинарите за унапредување на оценувањето. Таа настојува да ги направи часовите по историја интересни за учениците, а оценувањето да не биде стресно за нив. Со нас таа сподели пример од нејзините часови. Нејзините ученици од 5-то одделение учеа за историските периоди и еве како таа ни го опиша часот:
„Учениците се поделија за работа во групи, формирани по пат на извлекување, што кај нив создаде почетна возбуда. Тие, имаа задача на временска лента да ги претстават периодите праисторија и историја и временските рамки на овие периоди. При тоа дискутираа, користеа учебници и други извори. Ги поттикнував во работата и им давав повратни информации.“
„Потоа, на втора лента, учениците ги преставуваа карактеристиките на секој од периодите на кои е поделена пра
историјата и историјата. Секој од учениците во групата имаше задача да престави по еден историски период. Учениците ги споредуваа своите сознанија и учеа едни од други. Согледувањата за успешноста на учениците ги бележам во претходно подготвени чек листи “
“Целта е преку цртежи и слики да откријам дали и колку учениците ги разликуваат историските периоди и ги препознаваат нивните карактеристики; дали можат да ги сместат во времето. Сакам да видам дали има недостатоци во совладувањето на наставната содржина и кои се тие. Бидејќи се работи за ученици до петто одделение, особено ми е важно да откријам навреме дали им е потребна моја помош. Тоа ми помага да ги планирам следните активности, затоа што на разбирањето на историското време и историските периоди морам почесто да се навраќам. Тоа се сложени концепти за учениците.“ - вели наставничката Оливера.