| |
ПЕП обуките за развој на кариерата даваат практични резултати
Поради нејзината весела природа Влора Ибрахими сите ја знаат како насмеаното девојче. Таа има 17 години, и е ученичка во трета година во гимназијата во Гостивар. Во ноември таа беше во една од наставниците и учениците кои што беа дел од семинарот на ПЕП за развој на кариера. Семинарот беше дел од ПЕП компонентата за унапредување на работни вештини и имаше за цел не само да обезбеди знаења и вештини на учениците и другите учесници за зголемување на нивните можности за подобра кариера, туку и да ги советува да воспостават центри за кариера во нивните училишта.
Влора ги пофали координаторите и обучувачите на ПЕП и рече: "Се чувствував слободно со нив, научив многу и се’ уште имам огромна позитивна храброст во мене да отворам центар за кариера и другите ученици да ги доживеат и искусат истите емоции како и јас ...Можам да кажам дека овој семинар на тема "Процес на планирање на кариерата " ми помогна да се запознавам и себеси подобро и јас за ова секогаш ќе ви бидам благодарна" 
Вештините кои Влора ги стекна на семинарот беа од практична природа и таа ги употребила кога се вратила дома. Таа е претседателка на младите на Црвениот крст во Гостивар и одлучила да се пријави во зимското училиште на Хелсиншкиот Комитет, каде што главна тема е толеранција и човекови права. Влора аплицирала употребувајќи ги сите информации и сознанија добиени на работилницата на ПЕП. Влора ја продолжи својата приказна со следните зборови:
"Ја средив мојата биографија и напишав писмо базирајќи се на знаењата и материјалите кои ги добив за време на семинарот. Пишував врз основа на мотото: кратко и јасно, но уверливо. Ова е нешто што го научив од работилницата. На 4 јануари добив телефонски повик. Одговорив и ми рекоа дека се од Хелсиншкиот комитет и дека сакаат да ми постават неколку прашања. Првото нешто што го направив беше да се смирам како што ме научија обучувачите. Бев толку подготвена и толку смирена како да ме испрашуваат обучувачите. Разговорот траеше само 5 минути. Жената што ме интервјуираше ми рече дека е импресионирана од мојата биографија и писмо за мотивација и што е најважно во мојата слобода додека разговоравме. Бев многу среќна и првото нешто што го направив беше да напишам писмо за благодараност до тимот на ПЕП".
Во своето писмо, Влора ни рече дека едвај чека да присуствува на Хелсиншкиот семинар, кој оваа година ќе се одржи во Охрид, а писмото го заврши, велејќи дека сака да им помогне на другите ученици, преку отворање на центар за кариера во нејзиното училиште .
|
|