Електронските билтени на ПЕП го поддржуваат професионалниот развој и ја охрабруваат комуникацијата

Во последните неколку месеци, ПЕП создаде нова алатка за комуникација со цел да се подобри соработката меѓу ПЕП и наставниците од основните училишта во Македонија. Првиот е-билтен беше објавен во септември 2008 и беше наменет за ПЕП обучувачите. Е-билтенот се состои од една страна и има три дела:

  • вести за новите и релевантни активности

  • вести и информации од страна на читателите

  • покана за решавање на одреден предизвик или вклучување во некоја активност

Другите е-билтени на ПЕП имаат слична структура, но се разликуваат во дизајнот и бојата на компонентата. Од последните два билтена од компонентатана за ИКТ и компонентата за оценување добивме многу позитивни одговори.
Николетка Панова, наставник од Свети Николе, на ПЕП билтенот од компонентата за оценување ни кажа дека иако не беше присутна на работилниците, ги адаптираше стандардите на ПЕП во нижите одделенија. “Им кажувам на  родителите дека кога ги оценувам децата, сметам на нивните минимум, просечни и високи стандарди на постигнување за да ја разберат целта на часот“- вели Николетка. “ Исто така, кога работиме на планирање на професионалниот развој на училишно ниво, ги вклучуваме критериумите за оценување со цел да постигнеме фер, објективно и транспарентно оценување.“

Во билтенот пак, од компонентата за ИКТ, ПЕП ги покани сите заинтересирани наставници да се пријават за обука за обучувачи. Со сел да се поддржи програмата на владата “Компјутер за секое дете“, ПЕП ќе организира обуки за сите наставници во Македонија. Наставниците беа поканети да испратат биографии што резултираше со 256 испратени биографии.

Ова е доказ плус дека материјалите на ПЕП за комуникација, како и програмите во ПЕП компонентите, се вистинско освежување и нова мотивација за наставниците, кои, се надеваме ќе ја забрзаат образовната реформа и ќе влијаат на квалитетот во образованието.

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД