Ученици користат "Google Earth" на час по географија

Ученици користат "Encarta Encyclopedia " на час по географија

Ученици користат "Encarta Encyclopedia " на час по географија

 

 

 

 

ПРЕКУ веб страница-поблиску до вљубениците во географијата

 

Во подрачното училиште Тодор Ангелевски во Горно Оризари-Битола, учениците заедно со наставникот по географија, Мите Ристов, изработија веб страна (www.geo-orizari.tk) на која постојано се внесуваат активностите на учениците по предметот географија. Креирањето на страницата предизвика голем интерес кај учениците и тие секојдневно ја посетуваат, за што сведочи големиот број на посетители.
“Сакав да направам нешто креативно за учениците, нешто што во исто време ќе им биде забавно и корисно. Идејата за дизајнирање географска веб страница дојде сосема спонтано. Учениците имаа активно учество во изготвувањето и многу различни предлози како да ја уредиме. Практично се натпреваруваа кој ќe понуди поинтересно решение’, рече наставникот Ристов.
Целокупната веб страна е концепирана со содржини кои ги претставуваат сите актуелни активности и значајни настани на часовите по географија: проекти, натпревари, презентации, видео-клипови, форум за размена на идеи, коментари, фото-галерија, како и линкови до други корисни страници. Постои и дел забава, преку кој може да се дојде до познатиот пребарувач на видео материјали YouTube, кој може да им послужи на учениците за пребарување на разни видео материјали од областа на географијата (цунами, торнадо, лавини, вулкански ерупции).
Ваквиот начин на комуникација преку веб страна, ги поттикна и наставниците да почнат да практикуваат размена на информации и идеи преку е-форум којшто практично е алатка за комуникација меѓу наставниците по географија и афирмирање на нивните различни теренски или активности на час. Ова беше и мотив повеќе за отворање нова веб страна, овојпат на регионалното географско друштво ‘Геосфера’ www.rgdgeosfera.tripod.com’, на која се објавуваат информации и соопштенија за семинари и работилници, презентации на истражувачки проекти, видео материјали од часови по географија, инструкции за примена на програмот Google Earth во наставата по географија, како и упатства како да се дизајнира веб страна за секциите по георафија.
Младиот наставник по географија Мите Ристов ги обедини своите две големи пасии-географијата и интернетот. Скромниот 33-годишен Битолчанец за себе не мисли дека направил многу. ‘Јас само си ја работам својата работа, како и секој друг одговорен наставник. Можеби само повеќе се трудам да бидам во тренд со новите текови и она што го преферираат новите генерации. Се разбира, во тоа многу ми помага знаењето што го добивам од работилниците кои промовираат вакви пристапи’, вели Митев.
Да, навистина, има многу работилници кои на разни начини се обидуваат да внесат иновативни и креативни решенија во наставничката пракса, но на крај, наставниците се тие кои тоа треба да го прифатат и вклопат во наставата на начин кој за учениците ќе биде поинтересен и покорисен. Се надеваме дека ваквите и слични иницијативи и добри практики нема да бидат осамен и инцидентен случај и дека примерот на Митев ќе го следат многу негови колеги, а ние во ПЕП ќе се погрижиме да ги објавиме и споделиме со сите вас

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД

 

 

 

 

Ученици користат "Encarta Encyclopedia " на час по географија

Фотографија од час во природа

Фотографија од час во природа