Успешни приказни
ПЕП обуките за развој на кариерата даваат практични резултати
Поради нејзината весела природа Влора Ибрахими сите ја знаат како насмеаното девојче. Таа има 17 години, и е ученичка во трета година во гимназијата во Гостивар.
Повеќе...

ОЦЕНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ НА ЧАС ПО ИСТОРИЈА
Оливера Гриченко, е наставничка по историја од ОУ “Александар Здравковски“ од Јегуновце и во 2008 година ги посетуваше семинарите за унапредување на оценувањето.
Повеќе...
ОУ “Кирил и Методиј” од Тетово
ја унапредува наставата преку примена на иновативни методи
Сатки Исмаили, наставник по математика во О.У.”Кирил и Методиј” во Тетово е иновативен учесник во УСАИД/ПЕП кој работи во училиште кое што е секогаш е отворено за промени и кое ги следи сите реформи кои се воведуваат во процесот на образование.
Повеќе...
Електронските билтени на ПЕП го поддржуваат професионалниот развој и ја охрабруваат комуникацијата
Во последните неколку месеци, ПЕП создаде нова алатка за комуникација со цел да се подобри соработката меѓу ПЕП и наставниците од основните училишта во Македонија. Првиот е-билтен беше објавен во септември 2008 и беше наменет за ПЕП обучувачите.
Повеќе...
Како едно училиште со помош на оценувањето ги подобрува предавањето и учењето
Долгогодишното партнерство и соработка на О.У. “Кузман Јосифовски Питу“со УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП) резултира со подобрено предавање, учење и оценување во училиштето.
Пред некое време, зборувавме со училишниот психолог и ПЕП обучувач, Злата Анчевска, која ни ги појасни деталите за тоа како тие ги унапредуваат наставата и учењето. Таа и наставничката по англиски која е и координатор на тимот за оценување, Лидија Котушева присуствувале на повеќе работилници организирани од ПЕП. Сите останати наставници и директорот посетувале обуки за подобрување на оценувањето.
Повеќе...
ПРЕКУ веб страница-поблиску до вљубениците во географијата
Во подрачното училиште Тодор Ангелевски во Горно Оризари-Битола, учениците заедно со наставникот по географија, Мите Ристов, изработија веб страна (www.geo-orizari.tk) на која постојано се внесуваат активностите на учениците по предметот географија. Креирањето на страницата предизвика голем интерес кај учениците и тие секојдневно ја посетуваат, за што сведочи големиот број на посетители.
Повеќе...
Роботека – каде што иднината е сега
Летово, УСАИД ПЕП го поддржа првото летно училиште за роботика, училиште дизајнирано да го мотивира учењето и креативноста, училиште во кое учениците можат да склопуваат роботи и да ги научат вештините на водството. Тоа е Роботека.
Повеќе...
|
|
Информација за крајниот рок за доставување на потврди за сертификација
Со цел зголемување на ефектите од работилниците како и унапредување на наставната пракса, Проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието воспостави систем за континуиран професионален развој на наставниците преку водење на професионално портфолио. Овој систем се базира на процедура за сертификација за чие имплементирање се одговорни училишните психолози и педагози и ПЕП училишните тимови за професионален развој.
Сертификатите претставуваат официјална потврда дека наставниците кои учествувале на обуките организирани од ПЕП компонентите успешно ги применуваат новите знаења и вештини во својата наставна пракса и се стекнале со потребните компетенции.
Вкупниот број на сертфицирани наставници досега изнесува 6088 и истиот континуирано се зголемува.
ПЕП ве информира дека заклучно со 30-ти Јуни 2011 истекува крајниот рок за доставување на формуларот за потврда на сертификација до ПЕП канцеларијата за оние наставници кои ја комплетирале процедурата.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПОТВРДИ ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАВНИЦИ НА ОБУКИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД СТРАНА НА ПЕП
Почитувани Директори,
Проектот за основно образование (ПЕП) при УСАИД во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во изминатите 5 години организираше голем број на обуки и активности под мотото Квалитетно образование за иднината на Македонија. Доследен на ова мото, ПЕП делува во насока на подобрување на квалитетот на наставата и развивање на вештини кај учениците потребни за живот и идно вработување.
ПЕП ги опфаќа следните активности за обука на наставниците:
- Интегрирање на употребата на ИКТ во наставата и учењето.
- Ефективна методологија на наставата по математика и природните науки.
- Унапредување на оценувањето на учениците
- Модернизирање на наставата по техничко образование и претприемничко и кариерно образование
Со оглед на големиот интерес на наставниците за добивање потврда за учество на обуки, Проектот за основно образование ги повикува училиштата да отпочнат со акцијата за доделување на потврди за учество на обуките организирани од ПЕП.
Нашите согледувањата се дека училишните тимови за професионален развој во голема мера придонесоа за успешно спроведување на активностите од ПЕП обуките и може да ја преземат одговорноста за доделување на потврди на наставниците за учество на ПЕП обуките во своите училишта.
Кои чекори треба да ги преземат училишните тимови за професионален развој за да отпочнат со доделување на потврди за учество на обуки?
- Подготовка на листа на учесници (училишна база на податоци) за учество на наставниците во ПЕП обуките по компоненти од страна на училишниот тим за професионалниот развој со поддршка на директорот и стручните соработници според табелата.
ПЕП канцеларијата им стои на училишните тимови на располагање за дополнителни инфомации и проверка на евиденцијата за присуството на семинарите во ПЕП канцеларијата. Доколку на училиштата им се потербни дополнителни информации или проверка во подготовка на евиденција за учество на обуките на нивните наставници може да се обратат во ПЕП канцеларијата на следната адресаinfo@pep.org.mk
- Верификација/одобрување на листата на учесници во ПЕП обуките од страна на директорот на училиштето
- Доделување на потврдите на наставниците
- Училиштата може да продолжат да водат евиденција за учество на други обуки и да доделуваат потврди после завршувањето на ПЕП.
Небојша Мојсоски
УСАИД ПЕП Директор
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО АКТИВНОСТА ЗА ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА
Иновативни училишта: Подготвување на учениците за 21-от век
Проектот за основно образование, во соработка со Бирото за развој на образованието, започна со организирање работилници за училишните тимови за професионален развој. Основна цел на работилниците е училишните тимови да се запознаат со содржината на новите публикации за професионален развој: „Настава и учење на 21-от век” и „Создавање средина за учење на 21-от век“. Учесниците, исто така, ќе бидат запознати со Интернет порталот Збирка материјали за наставата на 21-от век http://toolbox.pep.org.mk.
На училиштата им се нуди учество во активноста Иновативни училишта со цел добивање поддршка во создавањето средина за професионален развој и учење, со посебен акцент на ефективното работење на училиштата и индивидуалните постигања на учениците.
Начин на вклучување во активноста Иновативни училишта
Основни услови за учество на наставниците во оваа активност се:
- да ги применуваат во наставната практика новите знаења и вештини стекнати на обуките организирани од страна на Проектот за основно образование;
- да учествуваат во ПЕП процедурата за сертификација;
- да станат редовни посетители и корисници на новосоздадениот веб-портал Збирка материјали за наставата на 21-от век;
- да бидат спремни да доставуваат материјали од иновативните активности спроведени во училницата (подготовки на часовите, видеоснимки од часовите, студии на случај, акциски истражувања и др.).
Главниот услов за учество на училиштата и добивање поддршка од ПЕП е да го достават планот за професионален развој, којшто е дел од годишната програма на училиштето, тој да се спроведе, а потоа да се направи евалвација на резултатите од неговото спроведување.
Планот за професионален развој треба да биде фокусиран на подобрување на наставната практика од страна на сите наставници со крајна цел подобрување на постигањата на учениците и нивна подготовка за 21-от век. Иновативните училишта треба да создаваат позитивна средина за планирање на активностите и примена на методите за наставата и учењето на 21-от век.
Проектот за основно образование, заедно со советниците од Бирото за развој на образованието, ќе обезбедува постојана поддршка и ќе дава помош на училиштата преку организирање различни активности за професионален развој, според појавените потреби. Потребните информации училиштата ќе ги добиваат преку пристап на порталот Збирка материјали за наставата на 21-от век. Тоа ќе им помогне успешно да го спроведат планот за професионален развој, односно воведувањето на промените во практиката чија крајна цел е подобрување на наставата.
Имајќи ги предвид заложбите за унапредување на наставата, поддршката ќе биде во насока на постојана соработка меѓу наставниците и заедничко планирање, создавање систем на континуиран професионален развој и ментороство на наставниците и насоки како да се следат активностите и резултатите од професионалниот развој. Исто така, ПЕП ќе помага во решавањето на проблемите и прашањата на кои наставниците ќе наидуваат во текот на процесите на воведување на промените.
Пристапот до публикациите и други документи е овозможен на следните линкови:
- „Настава и учење на 21-от век“ - прирачник и презентација
- „Создавање средина за учење на 21-от век“ – прирачник и презентација
- „Создавање иновативни училишта: Подготвување на учениците за 21-от век“ – прирачник и презентација
- „Видеофилм за средина за учење на 21-от век“ – видеолинк
5. Работилница - Цели и распоред на активности на работилниците (Прилог 1 и 2) и Вовед– линк и презентација
6. Табела за планирање на професионален развој (Прилог 3)
7. Самоевалуација – Индикатори на успешност и критериуми за клучните подрачја од активностите за професионалниот развој
8. Интернет портал „Збирка материјали за наставата на 21-от век“ http://toolbox.pep.org.mk |