Моливот и хартијата нема никогаш да бидат заменети од роботи

Девојчињата се еднакво заинтересирани за роботика како и машките

Правењето роботи на прво место претставува многу забава и дружење

 

 

 

 

 

 

 

Роботека – каде што иднината е сега

Летово, УСАИД ПЕП го поддржа првото летно училиште за роботика, училиште дизајнирано да го мотивира учењето и креативноста, училиште во кое учениците можат да склопуваат роботи и да ги научат вештините на водството. Тоа е Роботека.

Три кампови на Роботека со траење од две недели, беа организирани во Битола од страна на АТТЕ (асоцијација за техничко и технолошко образование) со цел да им овозможат на децата од 10 до 16 години искуство во областа на роботика и компјутерска наука. Децата исто така, се здобија и со можности за пријателство и разменување идеи со цел стимулирање на креативноста и критичкото размислување.

Кога ги посетивме учениците во Роботека, тие правеа роботи од Лего коцки и потоа ги програмираа.

Денис Џункар, ученик во ‘Јахја Кемал’ и учесник на Роботека е добитник на второ место на државен натпревар по програмирање. ‘ Toлку е возбудливо! – вели Денис. Компјутерите и програмирањето се мојот живот. Но, да направиш робот и да го програмираш…е, тоа е дури и над моите најголеми очекувања!’ Денис направи робот кој може да поминува преку физички препреки и притоа да се движи лево, десно, назад и напред. Тој се состои од две главни тркала приклучени на мотор. Се вика ‘Aсимус’ како познатиот Јапонски робот.

Вики Пеева, едно од девојчињата во Роботека вели: ‘Толку сум благодарна што сум дел од овој камп, бидејќи ги проширува моите погледи кон роботиката. Цел живот сонувам да работам со роботи, иако другарчињата ми велеа дека тоа не е за девојчиња. Не можам да дочекам да им раскажам се’! Ќе бидат љубоморни кога ќе им кажам колку е интересно и корисно во исто време.’

Роботека беше организирана на детски-настроен начин. Програмата се базираше на тимска работа, игри и други активности што им помогнаа на децата практично да го применат своето знаење. Придобивките за учениците се зголемен интерес за областа на роботика и компјутерски науки, како и искуството од квалитетна тимска работа базирана на интелигенција и визија.

Долгорочната цел на програмата на Роботека е да ги прошири можностите на младите на Балканот во полето на науката. Околу 100-тина ученици од различни градови, националности и возраст, поминаа две прекрасни недели полни со добра тимска работа и толеранција. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за Роботека, ве молиме посетете ја веб-страната www.roboteka.mk.

Тимот на ПЕП посакува многу, многу успех на РОБОТЕКА во идните планови.

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД

 

 

 

Денис Џункар работи на проблем со роботот заедно со својата колешка

Учесник во роботеката го претставува својот робот

Вики Пеева и нејзиниот колега практично демонстрираат заедничко работење