Унапредување на оценувањето на учениците
Оваа компонента има за цел да “го унапреди постоечкиот систем на училишно оценување за да се подобри предавањето и учењето и да се допринесе за отимален прогрес на секој ученик”
(Извадок од изјавата на мисијата на компонентата)
Компонентата е имплементирана во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Реализирани се следните активности:
1. Развивање на стандарди за оценување на ученици
ПЕП му помогна на Министерството за образование и наука да развие клучен документ, “Инструкции за училишно оценување во основните училишта”, што беше одобрено од Министерот за образование на почетокот на 2008. Овој документ ги спојува двата основни принципи на училишно оценување, стандардите за квалитетна имплементација на оценувањето во училиштата и потребните компетенции на наставниците да го водат оценувањето по утврдени стандарди. Овој документ претставува модел за сите активности на проектот за подобрување на училишното оценување.
Со цел да се развијат високи стандарди за о
|