![]() |
||||||||||||
Реновирање на училиштатаНие, во ПЕП, ги разбираме училиштата како нешто повеќе од само збир на простории во кои треба да бидат учениците. Училиштата треба да бидат сет од простории за учење кои ќе ги стимулираат младите луѓе, ќе охрабруваат истражувања и ќе претставуваат средина која е безбедна и комфорна. Работејќи со заедниците, вклучувајќи ги и училишните одбори, ПЕП нема да се задржи само на едноставно реновирање, туку и ќе создаде економични и одржливи средини за учење кои користат модерни градежни материјали кои штедат енергија за да им се помогне на општините да ги заштедат ограничените ресурси и да се одржи квалитетот на училиштата. Ние работиме со партнерите за да ги развиеме “зелените” училишта коишто имаат еколошки политики и кои ги охрабруваат младите да ги применуваат добрите практики во и надвор од училиштето. Во текот на проектот ќе ја подобриме физичката средина за учење во 100 училишта и ќе користиме еколошки технологии кои што ќе го демонстрираат влијанието што еден сеопфатен план за енергетска ефикасност може да го има врз трошоците и резултатите од учењето. До крајот на овој проект во 2011 година, ние планираме да имаме барем по едно реновирано училиште во секоја општина. До крајот на 2008 година од компонентата Реновирање беа завршени училишта влезени во 2 фази - фаза еден и фаза два. Во фаза еден беа реновирани 8 основни училишта, а во фаза два, 32 основни училишта и едно основно музичко училиште во Кавадарци (кое беше реновирано во соработка со Американската Амбасада во Македонија). ПЕП работи во соработка со општините. Огромна поддршка доаѓа и од училишните одбори и совети на родители, но и наставниците и родителите помагаат во имплементацијата на проектите и во процесот на создавање на подобра средина за учење на децата. Овие реновирања не се само естетски, тие создаваат подобри услови за предавање и учење, ги намалуваат трошоците за греење и се еколошки. Ние имаме известувања од училиштата дека во нив се намалени трошоците за греење и на тој начин се заштедени пари кои можат да бидат искористени за други цели. Во 2009 година, во текот на фаза три, 36 основи училишта ќе бидат реновирани. Соработката со општините и училиштата ќе продолжи како и во претходните фази. Важен дел од компонентата Реновирање на училиштата се и работилниците за “Ефективни средини за учење” и “Вклученост на родители” коишто нашиот локален партнер НВО “Чекор по чекор”, Македонија ги организира во сите реновирани основни училишта. Со овие работилници им покажуваме на наставниците и родителите како да ги претворат училниците во средини за ефективно учење. За да им се помогне на училиштата да го направат ова, секое реновирано училиште добива наставни помагала кои ќе се користат во училниците. Активноста “Зелени училипшта” е пилот проект за подучување на основните училишта во процесот на станување еколошки и економични институции. Оваа активност е создадена за да ги направи учениците и училишниот персонал повеќе свесни за важноста за зачувување на енергијата. Овој пилот проект ќе биде имплементиран во 5 училишта во соработка со нашиот проект партнер, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика. Петте пилот училишта ќе служат како модел за другите општини кои се заинтересирани за слични штедења. ПЕП ќе го надгледува штедењето на енергетската ефикасност и ќе работи со локалните власти и родителските одбори за да се покаже како краткорочните инвестиции може да водат до намалување на трошоците на долг рок.
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер ©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД
|
|
|||||||||||