![]() |
|||||
Реновирање на училиштата |
|||||
Ние, во ПЕП, сметаме дека училиштата се нешто повеќе од само збир на студени и стари простории во кои се сместени учениците. Напротив, училиштата треба да обезбедуваат простории за учење кои ќе ги стимулираат младите луѓе, ќе охрабруваат истражувања и ќе претставуваат средина во која тие ќе се чувствуваат безбедно и комфорно. Досега ние ја подобривме физичката средина за учење во 100 училишта и користевме еколошки технологии коишто покажаа дека постоењето на сеопфатен план за енергетска ефикасност може да влијае врз намалување на трошоците и подобрување на резултатите од учењето. Реновирање на училишта Во текот на проектот ние реновиравме барем по едно училиште во секоја општина. До крајот на 2010 година беа комплетирани четири фази на реновирање на училиштата. Во фаза еден, беа реновирани 8 основни училишта, а во фаза два, 32 основни училишта и едно основно музичко училиште во Кавадарци (кое беше реновирано во соработка со Амбасадата на САД во Македонија). Фаза три опфати реновирање на 36 училишта, додека во фаза четири беа реновирани 23 училишта. Работата на ПЕП е базирана на соработката со општините и училиштата. Огромна поддршка добиваме и од училишните одбори и советите на родители, но и наставниците и родителите помагаат во имплементацијата на проектите и во процесот на создавање на подобра средина за учење на децата. Овие реновирања не се само естетски, туку овозможуваат подобри услови за настава и учење, ги намалуваат трошоците за греење и не ја загадуваат животната средина. Училиштата во кои сме работеле велат дека им се намалени трошоците за греење и на тој начин се заштедени пари кои можат да бидат искористени за други цели. Зајакнување на капацитетите на училишните одбори Започнувајќи од октомври 2010, ПЕП ја иницираше Програмата за зајакнување на капацитетите за училишните одбори. Како дел од оваа програма, ќе бидат реновирани осум училишта со учество на училишните одбори. Главната цел на оваа иницијатива е да се промовираат најдобрите училишни одбори во центри за одлично управување со училиштата, кои ќе земат активно учество во процесот за реновирање на училиштата, почитувајќи ги принципите на отчетност, транспарентност и демократија на училишно ниво. Со учество во оваа активност, членовите на училишните одбори ќе стекнат знаење и вештини што ќе им помогнат да ги остварат нивните права и обврски и да го унапредат квалитетот на образованието во нивната локална заедница. Поконкретно, со оваа проектна активност ПЕП сака да внесе промени во работата на училишните одбори, на тој начин што ќе им обезбеди обука прилагодена на законски утврдената улога на членовите на училишниот одбор, така што ќе станат повидливи и ќе уживаат поголема почит од страна на општината, училиштето и родителите. Во текот на реализацијата, осумте избрани училишни одбори ќе бидат соочени со вистински предизвик - да земат активно учество во процесот на планирање и приоретизирање на потребите на училиштето за реновирање, при што нивната поддршка, работна рака и време ќе бидат искористени при физичко реновирање на објектите, а од нив ќе се бара да обезбедат и надзор врз градежните активности и соодветно одржување на реновираниот простор. Членовите на училишниот одбор и тимот на ПЕП со заеднички сили во овие училишта ќе работат на создавање подобра средина за учење и подобрување на енергетската ефикасност.
Со обука на наставниците за креирање на ефективна средина за учење за малите деца, тие ги стекнуваат потребните вештини и знаење да создадат училници кои се стимулативни, безбедни и комфорни за сите деца, каде доаѓаат до израз индивидуалните способности, индивидуалниот стил на учење и културните вредности на децата. Ова не се обезбедува само со менување на физичките услови, туку и со создавање на „клима за учење“ односно развивање вештини кај децата за тоа како треба да учат, наместо што да учат и поттикнување на сите деца да ги развијат своите потенцијали. Целта на обуката е наставниците да се запознаат со концептот за создавање ефективна средина за учење и различните алтернативи што постојат за да ги задоволат индивидуалните интереси и потреби на децата. Генералната цел на обуката за вклучување на локалните заедници и родители во животот на училиштето е да се потенцира важноста и придобивките од учеството на родителите и заедницата за подо брување на амбиентот и средината во училиштето и да ги стекнат потребните вештини за ефективно донесување одлуки и да отворат дискусија во врска со прашањата што ги засегаат децата. Преку ефективно учество во едукацијата на нивните деца, родителите учат дека тие можат да направат разлика и да станат успешни застапници на нивните деца во образовниот процес.
Зелени училишта Активноста “Зелени училишта” е проект наменет за подучување на учениците од основните училишта да станат свесни за еколошките прашања, а нивните училишта да прераснат во институции во кои се посветува внимание на заштеда на енергијата. Преку оваа активност, учениците и вработените во училиштата стануваат посвесни за важноста од зачувување на енергијата. Во пилот фазата, работевме со 5 пилот училишта, кои служеа како модели за другите општини кои беа заинтересирани за заштеда на енергијата. Потоа, вклучивме 15 нови училишта во соработка со нашиот проект партнер - Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика. ПЕП ги следи заштедите како резултат на енергетската ефикасност и работи со локалните власти и советот на родителите за да покаже како краткорочните инвестиции може да доведат до намалување на трошоците на долг роk.
|
|||||