![]() |
||||
Реновирање на училиштата |
||||
|
||||
Зајакнување на капацитетите на училишните одбориУчилишните одбори можат да бидат вистински лидери во заедницата. Составени од претставници од различни засегнати страни, тие ја имаат законската надлежност и овластување да управуваат со училиштето и со нивните одлуки директно да влијаат врз подобрување на квалитетот на наставата, средината за учење и образовниот процес како целина. Поаѓајќи од оваа голема и одговорна улога што училишните одбори ја имаат во локалната заедница и општеството, во рамките на Компонентата реновирање започна Програмата за зајакнување на капацитетите на училишните одбори со цел преку интензивни обуки и менторски средби да се поттикнат и оспособат училишните одбори да станат центри за добро управување со училиштата. Така ќе стекнат знаења и вештини за воспоставување повисоки стандарди во училиштето и подобрување на средината за учење. Се разбира, директна придобивка од подобрените капацитети на училишните одбори ќе имаат самите ученици, сегашни и идни, кои ќе имаат подобри физички услови во училиштата, подобра и поквалитетна настава и подобра средина за учење во која ќе се реализира нивниот потенцијал. Училишните одбори се свесни за нивната голема улога во управувањето со училиштата и уште повеќе за бројните недостатоци и потребата за реновирање на училишните објекти, па затоа во процесот на апликација кој траеше од 1 до 15 ноември пристигнаа вкупно 180 апликации од 73 општини. Според претходно утврдените критериуми за селекција, Комисијата за оценка на апликациите составена од членови од различни профили ги оцени сите пристигнати апликации и донесе одлука 15 училишни одбори да бидат повикани на интервју, со цел при конечната одлука да се изберат навистина најдобрите 8 училишни одбори. Интервјуата беа спроведени во просториите на ПЕП на 29 и 30 ноември 2010 година. Според одлуката на Комисијата за оценка, беа избрани следниве 8 училишни одбори да учествуваат во Програмата за зајакнување на капацитетите на училишните одбори: Им благодариме на сите училишни одбори, училишта и општини што аплицираа. Се надеваме дека избраните училишни одбори ќе послужат како пример и модел за добро управување со училиштата на сите училишни одбори во Република Македонија. |
||||