Унапредување на работните вештини кај учениците









 

Голем број од младата популација по завршувањето на своето образование не успева да најде работа поради некомпатибилноста на нивните вештини со барањата на пазарот на трудот. Солидно формално образование, ефективно и релевантно стручно усовршување, комбинирано со адекватни информации од пазарот на труд, кариерен развој, добра пракса и механизми за правилно поставување на работните позиции, се клучните фактори во подобрувањето на вработеноста

Работејќи со институциите кои ја подготвуваат работната сила, оваа компонента се фокусира на подобрување на работните вештини кај учениците (на пр. способност за користење на технологија, комуникација, креативност, иницијатива, тимско работење, учење како да се учи, итн.) и им помага на учениците да се компатибилни со побарувачката на пазарот на труд и да дадат свој придонес во општеството.

Подрачјата во кои ќе се интервенира се:

  1. Техничко/Технолошко образование

  2. Претприемништво/Претприемничко образование

  3. Кариерен разво

  1. Техничко/технолошко образовани

Цели:

  • Подобрување на курикулумот за техничките предмети кои вклучуваат претприемништво за 21ви век и вештини за вработување;
  • Интегрирање и употреба на ИКТ со техничкото образование кое ќе им обезбеди на учениците можности за развој на компјутерски вештини, компјутерски дизајн и ќе им помогне да разберат како ИКТ може да се користи во различни работни ситуации од реалниот живот;
  • Продолжување на концептот за Ученишки тимови за техничка поддршка во средните училишта и
  • Зголемување на интересот кај учениците за науката, технологијата, инженерство и математикВо изминатите години има тенденција на намалување на бројот на учениците кои се запишуваат во средните технички училишта и сакаат да се фокусираат на изучување на техничките области како што се електрониката или машинството. Тоа се клучните вештини кои ги бара модерната индустрија. Компонентата за подготовка на работна сила работи заедно со МОН и БРО на модернизирање на наставната програма за техничкото образование во основното образование и да им овозможи на учениците да ги развијат клучните вештини и компетенции, како и со центарот за стручно образование и другите социјални партнери за да овозможи соодветен премин на учениците кон високото образование.
  1. Претприемничко образование

Цели:

  • Интегрирање на претпиемничкото и бизнис образование во секојдневната настава преку равој на проекти и соодветни наставни материјали  како и идентификување на клучните компетенции кај учениците
  • Поттикнување на претприемничкиот дух кај учениците преку употреба на методи на активно учење


Поттикнување на претприемничкиот дух кај младите преку образование и учење и овозможување на младите луѓе да се здобијат со релевантни претприемнички кометенции во сите нивои на образование (основно, средно и високо) е основната препорака на европската конференција за претпиемничко образование во Европа одржана во Осло. Претприемништвото треба да биде разбрано не само како водење на бизнис, туку и како развој на претпиемничко однесување (креативност, иницијативност, назависност, тимска работа). Во соработка со останатите ПЕП компоненти, компонентата за подготовка на работна сила работи заедно со МОН и БРО на интегрирање на претприемничкото и бизнис образование во наставните програми преку равој на проекти и соодветни наставни материјали како и идентификување на клучните компетенции кај учениците.

  1. Кариерно образование

Цели:

  • Обезбедување на материјали за кариерно насочување и имплементирање на активности за кариерно насочување во основното образование
  • Воспоставување на Кариерни катчиња во селектирани основни училишта како модел за подобрување на кариерното образование
  • Подршка на учениците во селектираните училишта околу развојот на он-лине кариерни портфолија и десиминирање на концептот во други училишт

Можноста за карирно образование уште од рана возраст може да им помогне на учениците да ја разберат поврзаноста помеѓу училиштето и вработувањето како и важноста на нивното образование. Исто така тоа може да им помогне и ним и на нивните родители во донесувањето на одлуки  во клучните периоди од образованието, вклучувајќи го и изборот на изборни предмети во основното образование, избор на гимназиско или средно техничко образование, сертифициран или напреден курс како и соодветни приоритети за вработување

Во селектираните основни училишта ПЕП им помага на училишните педагози и психолози да ги координитаат активности за кариерно насочување и да оформат т.н  Кариерни катчиња во избраните основни училишта и Кариерни центри во селектирани гимназии. Компонентата за подготовка на работна сила работи и со селектирани наставници во вклучувањето на информации за кариера во постоечкиот курикулум. Предметите како животни вештини и техничко образование во основното образование, како и комуникации и претприемништво во гимназиите се идентификувани како можни подрачја за вклучување на вакви содржини.