![]() |
|||||
Унапредување на работните вештини кај учениците |
|||||
5-7 Февруари, 2009 Струга – работилница за наставници по техничко образование од пилот основните училишта Главна цел на оваа работилница беше можноста да наставниците по техничко образование увидат како компјутерите и новата технологија можат да се користат во рамките на нивниот предмет, а со цел модернизирање на наставата по техничко образование и овозможување на учениците да се стекнат со соодветните знаења и вештини. Работилницата беше организирана во партнерство со Батлер Колеџот од Канзас, САД а реализирана од страна на г-н Роберт Реј, професор од споменатиот колеџ.
Соодветна опрема и софтвер им беше дадена на наставниците на користење за да видат како истата може да се вклучи во постоечката наставна програма. 8-9 Февруари, 2009 Струга – работилница за наставници од средните електромашински ушилишта Во партнерство со Батлер Колеџот од Канзас, САД беше реализира обука и за наставниците по стручни предмети од пилот електромашинските училишта. Целта на работилницата беше вклушувањето на роботиката и 3Д програмирањето во наставната програма во електромашинските училишта и давање на можност на учениците да видат како новите технилогии се користат во индустријата Соодветна опрема и софтвер им беше дадена на наставниците на користење за да видат како истата може да се вклучи во постоечката наставна програма.
|
|||||