Foto 1

Foto 2

Foto 3

Foto 4

 

 

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу
УСАИД и Министерството за образование

 

На 18ти април, во ОУ Владо Тасевски во Скопје, УСАИД Проектот за Основно образование и Министерството за образование и наука потпиешаа Меморандум за соработка.

Целта на оваа официјална церемонија беше да се одбележи договорот за тесна соработка меѓу овие две институции и да се демонстрира нивното партнерство за подобрување на основното образование.

Меморандумот беше потпишан од страна на директорката на УСАИД мисијата Патриша Рајдер, Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ и директорот на УСАИД Проектот за основно образование, Кит Прентон.

“ Како партнери-наша основна цел е да се осигураме дека учениците се способни сами да решаваат практични проблеми. Да бидеме сигурни дека учениците знаат да работат со компјутери. Да бидеме сигурни дека учениците имаат релевантни способности и вештини и дека можат да работата самостојно и тимски, рече директорката на УСАИД мисијата, Патриша Рајдер. “И УСАИД и МОН се посветени на обезбедување основно образование со висок квалитет. Ние се согласуваме дека тоа е основа за економски растеж, социјална кохезија, демократија и почитување на човековите права”, додаде таа.

На церемонијата беа покнаети претставници на УСАИД, меѓународната заедница и локални партнери на Проектот, како и претставници на Министерството и БРО. Настанот беше проследен од сите национални печатени и електронски медиуми.
Церемонијата заврши со коктел подготвен од ученици од средното угостителско училиште во Скопје.

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД