|


Obedineta Makedonska Dijaspora
|
|
ОМД дава подршка на хуманитарниот концерт на Тоше
Врз основа на разбирањето на важноста на подобрувањето на образованието во Македонија, Академија за Развој на Образованието (АЕД), Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), AWARD Entertainment Production и Проект за Основно Образование (ПЕП) ќе работат заедно во здружените активности за собирање на средства и кампања со цел поддржување на добротворниот концерт. Сите собрани пари ќе одат во основните училишта во Македонија.
АWARD е независна продуцентска компанија која работи веќе 3 години во Македонија. Нивната мисија е да овозможат продуцентски услуги со врвен квалитет и одржување на долгорочни односи со клиентите. AWARD работи во областите на филмска и видео продукција, аудио продукција и организирање на настани. AWARD е официјалниот менаџер за Тоше Проески и е одговорен за сите музички настани на Тоше, заеднички спонзори и снимања.
ОМД работи за интересите и потребите на Македонците и македонските заедници низ светот. ОМД го помага заедништвото на македонските луѓе преку осигурувањето на напредокот и унапредувањето на традиционалниот македонски дух, историското и социо-културното наследство потпомогнато од добротворни, образовни, јавни и други настојувања во поглед на заедницата.
Меморандумот за Разбирање помеѓу АЕД и ОМД беше потпишан на 13 Јули, 2007. Тие што ќе имаат придобивка од активностите со овој Меморандум за Разбирање се училиштата, луѓето и заедниците опфатени со програмата на ПЕП УСАИД. Со здружени сили АЕД и ОМД се надеваат дека влијанието и квалитетот на напорите на образовната реформа ќе бидат зајакнати и подобрени на општинско ниво.
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер
©2007 УСАИД Проект за Основно Образование
УСАИД • АЕД |
|
|