Недела на ИКТ во образованието

Од 25 до 29 Јуни, УСАИД Проектот за основно образование ќе организира недела со активности во врска со ИКТ во образованието. Проектот ќе презентира нов компјутерски хардвер и иновативни ИКТ производи за училиштата. За време на неделата, работилниците ќе бидат организирани со меѓународни консултанти и претставници од ИНТЕЛ Корпорацијата, ОпенЛаб Интернационал и Универзитетот Индијана.

Лаптоп со ниски трошоци

Во првата сесија на 25 Јуни, ИНТЕЛ Корпорацијата ќе го презентира Цлассмате, лаптоп  компјутерот, специјално дизајниран за образование. Бидејќи лаптопите можат да се употребуваат во секоја училница и не им се потребни лаборатории за таа намена, тие лесно можат да се употребуваат низ целата наставна програма. Претставниците на ИНТЕЛ исто така ќе ја презентираат и образовната програма на ИНТЕЛ.

Софтвер со отворен код (ФЛОСС)

За време на ФЛОСС денот, на 27 Јуни, меѓународен консултант, Денис Бранџес од ОпенЛаб Интернационал ќе презентира искуства од други земји, како и предностите и бенефициите од  ФЛОСС. ОпенЛаб е дистрибуција на Линукс, направена специјално за образование. Беше развиена од ОпенЛаб Интернационал за образовниот систем на Јужна Африка, но сега се користи во многу земји во Африка и Европа. Последната земја која почна да го користи ОпенЛаб, беше Германија. ОпенЛаб Интернационал, исто така го разви и образовниот пакет ЕДУКАР кој е компилација од повеќе од 120 образовни програми, поделени во 9 главни категории. Сите програми вклучени во ЕДУКАР се развиени од наставници, за употреба од наставници.

Интеграција на ИКТ во математиката и другите природни науки

Во работилницата на 28 и 29 Јуни, Џеф Новак од Универзитетот Индијана ќе ги претстави ИКТ производите и иновативните стратегии употребувани во училиштата на САД и Европа. Учесниците во работилницата ќе идентификуваат кои производи се применливи во македонските училишта и компатибилни со македонскиот образовен систем. Фокусот ќе биде на презентирањето на различни ИКТ производи кои можат да се употребат за подобрување на наставата и учењето по математика и другите природни науки. УСАИД Проектот за основно образование ќе одбере некои од овие производи за презентација во одбраните училишта во учебната 2007/2008 година.

 

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД