Foto 1

Foto 2

 

 

Тоше Проески и УСАИД заедно за македонските училишта

Новиот проект на УСАИД, Проект за основно образование, новата петгодишна иницијатива насочена кон сите државни основни училишта, ја почнува Националната Информативна Кампања на 12 Март 2007г. Кампањата ке трае до 29 Март и за време на овој период ќе бидат посетени и направени презентации во училиштата од следниве градови: Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Кавадарци. Струмица, Кочани и Куманово.

“Сакаме да зборуваме директно со нашите соработници и партнери низ цела Македонија и да ги информираме за нашите планови да помогнеме на Министерството за образование и наука да развие квалитетно основно образование што ќе го забрза економскиот раст и стабилност во Македонија. Ние ќе ги информираме и училишните директори и градоначалници како да аплицираат за УСАИД фондовите за реновирање на училишните згради и училници за да се стимулира учењето и креативноста, рече Др. Кит Прентон, директор на УСАИД Проектот за основно образование.

За време на кампањата, ќе се направи истражување и анализа за потребите во основните училишта во секој регион на Македонија при што ќе се случат следниве три активности:

 

Презентација на проектните активности пред директорите на училиштата, советниците за образование и наставниците

Посета на селектирани училишта за констатирање на состојбите и

Вечерен коктел со презентација пред градоначалниците

За време на посетите на училиштата, учениците ќе присуствуваат на презентации од страна на нивните врсници, претставници од средните училишта во Македонија, кои ќе зборуваат за мисијата и улогата на УСАИД во Македонија. Претставници од невладината организација ОХО ќе ја претстават пораката на УСАИД за заштеда на енергијата, а во неколку училишта, македонската поп ѕвезда и специјалниот партнер на проектот, Тоше Проески, ќе ја пренесе главната порака на Проектот за основно образование за значењеето на образованието и фактот дека образованието е грижа на сите.

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД