![]() |
|||||
|
Формиран првиот ученички тим за техничка поддршкаНа 24 и 25 април во ОУ Владо Тасевски, беше одржана првата обука за мастер обучувачи на ученичките тимови за техничка поддршка. Модулите за обука покриваа проблеми во одржување на мрежи и проблеми во оперативните системи. Учесници на обуката беа 5 наставници од Скопје и по еден од Битола, Тетово и Кочани. По враќањето во своите училишта обучените наставници треба да формираат клубови за техничка поддршка. Втората фаза од обуката ќе продолжи во септември и со неа ќе бидат покриени 90 училишта. Со досегашното зголемување на бројот на компјутерите во основните училиштата во Република Македонија, а уште повеќе со планираното зголемување во иднина, многу е голема потребата од тимови кои што ќе овозможат техничка поддршка за нивно одржување на локално ниво. одржување на мрежата на училишно и локално ниво; овозможување непречено користење на компјутерите во училиштето со воведување на дежурства во компјутерската лабараторија вон редовната настава редовно надгледување на функционирањет на компјутерите и информирање на наставникот по информатика во случај да се соочат со хардверски проблем кој неможат да го решат. Континуираното функционирање на овие тимови ќе се обезбеди така што: по првата година, учениците од 8-мо одделение ќе бидат ментори на свои соученици од 7-мо одделение; на крајот од учебната година, учениците кои што завршуваат 7-мо одделение, со помош на наставниците ке изберат соученици од 6-то одделение кои што ке ги заменат осмоодделенците. Во овој процесс, голема улога имаат и двајца наставници од училиштето, еден наставник информатичар и еден наставник не-информатичар. Улогата на наставникот не -иформатичар ке биде да направи распоред на дежурства во комјутерската лабараторија, за нејзино користење под контрола на учениците-членови на тимот за техничка поддршка. Исто така, тој ке биде задолжен да собира пријави од колегите - наставници во училиштето во врска со било какви проблеми со компјутерите и нив да ги информира членовите на тимовите за техничка поддршка. Наставникот информатичар ќе биде задолжен за решавање или организирање на решавањето на проблемите кои што тимовите за техничка поддршка не успеваат да ги решат . Улогата на директорот на училиштето ќе биде да овозможи непречена работа на овие тимови и за успешноста на нивното работење да го известо координаторот на проектот. Со ангажирање на ученици со афинитети кон информатиката, се надеваме дека успешно ќе биде надградено нивното знаење од областа на информатиката и дека во соработкна со некој од партнерите на Проектот за основно образование ке успееме да создадеме кадри кои што би можеле успешно да работат во полето на Информациската технологија. Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер ©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД
|
||||