Погледнете го видеото за УТТП

 

 

 

 

УСАИД и Он Нет ги прогласија победниците на натпреварот за избор на лого за Ученичките тимови за техничка поддршка

На 19ти ноември 2007, УСАИД Проектот за основно образование во соработка со Он Нет ги прогласи победниците на натпреварот за избор на лого за Ученичките тимови за техничка поддршка на свечена церемонија организирана во хотел  Александар Палас. УТТП се воспоставени во 164 основни училишта во Македонија и тие ке обезбедат поддршка на компјутерските мрежи, воведување на дежурства во компјутерските лабаратории и редовно надгледување на функционирањето на компјутерите.
“ Ученичките тимови за техничка поддршка се возбудлива и револуционерна идеја. Учениците ке се осигурат дека донираните 6.000 компјутери инсталирани од УСАИД Е-проектот работат правилно. Ова ке помогне на владината иницијатива “компјутер за секое дете” да биде поуспешна и да ги опреми учениците со бараните вештини за нивните идни кариери” рече Директорот на канцеларијата за образование при УСАИД, Двејн Ли.

Со тековната иницијатива на Владата на Република Македонија да се зголеми бројот на компјутерите во училиштата, потребата за превенирање на проблеми кои ке настанат во одржувањето на компјутерите станува неминовност. Посебен менторски програм ке биде воспоставен кој ке обезбеди континуитет на сервисирањето на компјутерите од постарите ученици. Како награда, победниците ке добијат бесплатен интернет пристап од Он Нет.

 

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД