Хуманитарниот концерт на Тоше доживеа огромен успех!!!

На 5ти октомври македонската мегаѕвезда Тоше Проески заедно со УСАИД Проектот за основно образование го одржа најголемиот хуманитарен концерт во Македонија! Мотото на концертот беше “Образованието е одговорност на сите”.  Средствата од концертот ке бидат наменети за набавка на опрема за Македонските основни училишта.
Градскиот стадион во Скопје беше преполн собирајќи околу 20,000 луѓе. Сите седишта до последното беа исполнети а подиумот исполнет со море од млади луѓе . Тоше самиот не можеше да верува колку многу луѓе дојдоа да му искажат подршка во неговото хумано дело.
“Не смееме да заборавиме дека обазованието е наша заедничка одговорност. Ми претставува посебно задоволство што овој проект е подржан од земја што мојата родна земја ја признава под нејзиното уставно име”. Изјави Тоше Проески на концертот.
Амбасадорката на САД во Македонија г-ѓа Џилиан Миловановиќ му се придружи на Тоше и ја поздрави публиката од бината, посакувајќи им пријатна и весела вечер. Македонскиот Министер за образование и наука, г-дин Сулејман Рушити исто така им посака на студентите многу успех во новата школска година и многу забава на концертот.

Тоше имаше покането многу гости од странство да ги подржат целите на концертот. Хрватската пеачка и глумица Антонија Шола испеа дует со Тоше. Босанската претставничка за песна на Евровизија 2007, Марија Шестиќ ја испеа нејзината песна од Евровизија. Бојан Маровиќ, познат пеач од Црна Гора, не ги криеше своите солзи кога го пееше големиот хит на Тоше ТајноМоја. Уште една локална ѕвезда, Адриан Гаџа, исполни една своја нумера и освои огромен аплауз поради својот прекрасен танц.

Се на се, концертот беше огромен уметнички успех на Тоше и ја пренесе главната порака на Министерството за образование и наука и УСАИД до публиката присутна на концертот но и надвор од границите на Македонија преку пренесување на концертот преку интернет органирирано од ОнНет.

Најпосле, Македонските ученици се оние кои најмногу ке имаат корист кога нивните училишта ке бидат опремени со нова опрема во 2008! Им посакуваме многу успех.

УСАИД Проект за основно образование

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД