![]() |
|||||
|
Натпревар за подготовка на лого за Ученичките Тимови за Техничка Поддршка УСАИД Проектот за основно образование објавува натпревар за дизајнирање на лого на Ученичките Тимови за Техничка Поддршка. Натпреварот е отворен за сите ученици во основните училишта од 7-мо и 8-мо одделение. Логото треба да биде подготвено во било која програма која учениците сметаат дека е соодветна и треба да ги содржи буквите УТТП ( Ученички Тимови за Техничка Поддршка). Предлозите, во форма на слика (ЈПГ, ГИФ) треба да се испратат на contest@pep.org.mk најдоцна до 1-ви Октомври 2007. Со предлогот, ве молиме да ги назначите вашето име и презиме, телефонски број и името на училиштето во кое посетувате настава. Трудовите на учениците ќе ги вреднува и рангира комисијата составена од еден директор на училиште, еден ученик , еден претставник на ПЕП и еден претставник на Он Нет, Десетте најдобри предлози, ќе бидат објавени на порталот на Министерството за образование- www.schools.edu.mk , веб страницата на ОН Нет- www.on.net.mk и страницата на ПЕП- www.pep.org.mk најдоцна до 10-ти Октомври и јавноста ќе може да гласа за нивниот омилен предлог до 20-ти Октомври. Победникот ќе биде објавен не подоцна од 25-ти Октомври. Авторите на првите три логоа ќе добијат награди од Он Нет и првото лого, заедно со логото на УСАИД, ќе биде користено за идентификација на членовите на Ученичките Тимови за Техничка Поддршка и ќе отпечатено на маички, капи и значки. Некомплетните предлози нема да бидат разгледувани.
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер ©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД |
||||