![]() |
|||||
|
ОДРЖАН СЕМИНАРОТ „ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ” Во Скопје, од 5-ти до 7-ми септември се одржа семинар за обука на идни обучувачи на наставниците за примена на Стандардите за оценување на учениците во основното училиште. Учесници на семинарот беа членови на работната група за оценување како и одберени наставници. Компонентата на ПЕП за Подобрување на оценувањето разви државни стандарди за оценување во училиштата и кодекс на етиката во оценувањето. Националните стандарди за оценување ке бидат имплементирани оваа учебна година во првите десет училишта од првата фаза кадешто обука за имплементирање на стандардите ке биде обезбедена за наставниците, училишната администрација и директорите на училиштата. За да се обезбеди конзистентност во пристапот за идните обучувачи беше изведена обука од меѓународни експерти кои ја водеа и првичната обука за Стандарди за оценување во училиштето. Како резултат на обуката ќе се изготви модул за обука и во ноември 2007 ќе се започне со спроведување на обуките за предметните наставниците од првите десет училишта. Прирачникот што беше користен за обуката можете да го најдете на следниот линк: http://schools.edu.mk/docs/mak_docs/PriracnikOcenuvanje-IIseminar-KONECEN.pdf
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер ©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД |
||||