Наставниците учат од учениците

 

Пет ученици се наградени, а триесет и двајца се пофалени за успешните есеи на конкурсот: Како сакам да ме оценуваат моите наставници.

Главна цел на конкурсот беше да им се даде можност на учениците да го кажат своето мислење за нешто што се однесува на нив и им е многу важно. Учениците разговарале со наставниците и со родителите за тоа што им се допаѓа, а што не им се допаѓа во однос на тоа како наставниците ги оценуваат и како би сакале да бидат оценувани. На тој начин наставниците добија можност оценувањето да го погледнат “со очите на учениците”.

Друга цел беше наставниците да применуваат методи за оценување есеи што беа промовирани на обуките за подобрување на оценувањето.

Наградите и пофалниците им се доделени на учениците на пригодна свеченост во кинотеката на Р Македонија на 6 Јуни 2008, на која наградените ги читаа своите есеи, а сите пофалени есеи беа изложени за да можат да бидат прочитани.

Наградени се следниве ученици:

Елена Шалевска VI5 одд. ОУ „Климент Охридски” – Битола
Леандра Тоска  VI3 одд. ОУ „Рајко Жинзифов” – Скопје
Сара Михајловска VI2 одд. ОУ „Кузман Јосифовски Питу “ – Скопје
Дафина Марку VI3 одд. ОУ „Рајко Жинзифов” – Скопје
Весна Палошкова VIIг одд. ОУ „Сандо Масев” – Струмица

 

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД