ИКТ предизвиците прифатени со особен интерес од македонските основци

Во текот на 2008 година, а во рамки на помошта на Министерството за образование и наука (МОН), УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП), промовираше низа на иновативни ИКТ алатки во 14 избрани училишта низ Македонија. Во овие алатки беа вклучени: дигитални микроскопи и камери, сензори и сонди, контролна кутија, робот кој може да се програмира, графички калкулатори.

Во Април, на училиштата им беа дадени предизвици поврзани со практичната употреба на овие алатки. Кинотеката на Р.Македонија во Скопје, беше местото каде што, на 23 јуни 2008, училиштата ги претставија изработените проекти пред поканетите гости, меѓу кои имаше и домашни и странски високи претставници од бизнис секторот. Учениците беа поздравени од г-дин Колин Џефри, претставник на Џонсон Мети, а наградите на најдобрите проекти беа врачени од страна на г-дин Тони Пешев, директор на ИКТ конпанија и г-дин Иван Митревски, извршен директор на МАСИТ.

“Ваквите предизвици беа можност учениците заеднички да работат и да развиваат работни вештини преку практичната употреба на теоретското знаење. Креативните резултати покажуваат дека македонските ученици навистина ја ценат можноста која им е дадена за презентација на својата креативност ...” истакна во својот говор Петар Николоски, координатор на ИКТ компонентата при УСАИД ПЕП.

Во табелата прикажани се предизвиците кои беа зададени

#

Наслов

Хардвер/Софтвер

Опис

1

Фармерот со кокошки

Контролна кутија

Учениците конструираат механизам кој автоматски го движи снесеното јајце до уредот за ладење.

2

Подесување на мобилен телефон

Лого програмски јазик

Со програмскиот јазик ЛОГО, учениците креираат мелодија и позадина за мобилен телефон, користејќи тема од Македонија.

3

Скриен свет

Микроскоп

Учениците го користат електронскиот микроскоп да спроведат истражување за откривање на микробите кои се невидливи со голо око

4

ПАТОТ ДО ОСКАРИТЕ

Дигитална камера(во улога на филм)

Учениците изработуваат краток филм по сопствен избор.

5

ТУРИСТИЧКА БРОШУРА

Дигитална камера

Учениците изработуваат туристичка брошура за местото од каде што доаѓаат

6

КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ НАШИТЕ РЕКИ?

Прецизен сметач, сензори и сонди

Учениците го користат ТИ 84 калкулаторот и сондите за проучување на водите од нивната непосредна средина и подготвуваат Power Point презентација за нивните наоди.

7

СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА!

Прецизен сметач, сензори и сонди

Учениците го употребуваат ТИ 84 калкулаторот да ја измерат произведената енергија од нивната направа за користење на сончевата енергија.

8

МАПА НА БОГАТСТВОТО

Скитник, робот кој се програмира

Учениците дозајнираат програма за “Скитникoт”  која ќе им го покаже патот до скриеното богатство на мапата.

Победници на натпреварот се:

Основно училиште Васил Главинов од Велес за предизвиците број 1 и 7
Основно училиште Св.Климент Охридски Битола за предизвиците број 2 и 8
Основно училиште Наим Фрашери Тетово за предизвиците број 3 и 6
Основно училиште Толи Зордумис од Куманово за предизвикот број 5
Основно училиште Кирил и Методиј од Кочани за предизвикот број 5
Основно училиште Григор Прличев од Охрид за предизвикот број 4
Основно училиште К.Ј.Питу од Скопје за најдобро видео
Основно училиште Св.Климент Охридски од Драслајца, специјална награда за хипермедија

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД