ПЕП училиштата позеленеа


         Од 1 јуни 2008 година, ПЕП стана партнер со Проектот за рециклирање на пластика на УСАИД со цел да воспостави 5 пилот “Зелени училишта”. “Зелените училишта” ќе работат за да:

  1. се подигне свеста за животната средина кај децата, наставниците и пошироката средина,

  2. се разгледуваат прашањата за животната средина во училишните политики,

  3. се воведе образование за животната средина во училиштата и

  4. се организираат и имплеметираат еколошки проекти во училиштето и заедницата.

         Пилот фазата ќе резултира со сеопфатна методологија за зелени училишта, прилагодена на локалните потреби на училиштето, којашто понатаму може да биде повторно користена во други училишта во Македонија.
         Во текот на летниот период, наставниците од училиштата беа информирани и обучени. Во септември започна промоцијата на зелените училишта и тренинг активностите за учениците. Учениците формираа Зелени клубови и работат активности надвор од наставната програма сè со цел да:

  1. промовираат еколошко однесување и начин на живот помеѓу учениците, училишниот персонал и пошироката заедница,

  2. се бараат активно начини како да се намали негативното влијание  на училиштата врз животната средина и

  3. се иницираат еколошки активности во училиштето и во животната средина

Пилот училиштата вклучени во програмата Зелени училишта се:

  1. О. У. Григор Прличев – Охрид

  2. О.У. Дрита – Рашче

  3. О.У. Мирче Ацев – Ѓорче Петров

  4. О.У. Гоце Делчев – Неготино

  5. О.У. Видое Подгорец - Струмица

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД