ПЕП Новости

 







..

 

 






 

 

Од под до плафон - реновирање на училиштето во Крилатица


IMG_7244.jpgОУ Кочо Рацин од Кратово има едно централно и шест подрачни училишта, од кои она што е лоцирано во с. Крилатица има најмногу ученици. Еден од селаните рече, “Младите луѓе постојано го напуштаат селото, обидувајќи се да си ја најдат среќата и да заработат парче леб во големите градови”, сепак, и покрај сите пречки, ова училиште продолжува да постои и да и служи на заедницата. Стартувајќи со работа од 1950 година досега, училиштето има видено многу генерации на ученици кои го завршиле своето основно образование токму овде.
IMG_7278.jpg
Како резултат на бројните оправдани причини, општината Кратово заедно со училиштето во Крилатица одлучи да аплицира за добивање средства во рамките на компонентата за реновирање.  Не само што изгледаа неестетски, туку двете училишни згради беа во толку лоши услови што сериозно ја нарушуваа средината за учење. Кров што прокиснува, стара електрична инсталација, оштетени ѕидови и скршени врати кои мора да се потпрат со дрвен трупец за да останат затворени..., сето ова водеше до загуба на топлината и големи трошоци за одржување, но што е уште поважно, тоа го загрозуваше здравјето и Picture 054.jpgбезбедноста на учениците. Според училишните пресметки, околу 30% од топлината се губело заради слабата изолација. Одржувањето на хигиената, исто така претставуваше проблем, поради тоа што дрвениот под многу тешко се чистеше.

За среќа, благодарение на посветеноста на луѓето од училиштето, општината и тимот од ПЕП, училиштето беше трансформирано за само еден месец од почетокот на реновирањето. Заедничките напори резултираPicture 077.jpgа со нови алуминиумски врати и прозори, реконструкција на подот и плафонот, нова електрична мрежа и поправка и бојадисување на ентериерот, внатрешните ѕидови и под.

Рада Зафирова, директорка на ОУ Кочо Рацин вака го искоментира успехот на проектот: “Учениците ќе бидат многу среќни кога ќе се врата на училиште во септември и кога ќе откријат дека нивното училиште е според модерни критериуми и стандарди и дека може да се спореди со училиштата во големите градови. Наставниот процес ќе тече беспрекорно сега“. Покрај другите работи, таа беше многу задоволна од поставувањето нова електрична инсталација, “Сега конечно имаме соодветни услови за користење на компјутерите”, додаде таа.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;