ПЕП Новости

 






..

 

 






 

 

УСАИД ПЕП го започна реновирањето на 100-то училиште

Цел на ПЕП компонентата за реновирање е да реновира 100 основни училишта пред завршувањето на Проектот, во 2011. Една година пред овој рок, по четири години успешно изведување на проектите, благодарение на посветеноста на тимот на ПЕП, општините и училиштата, работниците веќе почнаа со работа и во ОУ “Ванчо Србаков”, во с. Вранештица, кое ќе биде 100то училиште реновирано од ПЕП.


“Ванчо Србаков” е подрачно училиште кое нуди образование за 30-ина ученици. Без реновирање и било какво друго инвестирање од 1920, времето ја прегазило оваа училишна зграда и ги направило физичките услови сериозна пречка за одвивање на наставниот процес. Претседателот на Советот на родители коментираше дека има две деца кои доаѓаат во ова училиште и дека е загрижен за нивната безбедност секој ден кога ги праќа на училиште.


Ние веруваме дека тој, како и сите ученици, родители и наставници, ќе бидат среќни кога во септември ќе ги поздравиме од комплетно реновираното училиште. Дотогаш, училиштето ќе има нов покрив, под, прозорци и врати, електрична инсталација, реновиран ентериер, плафон и фасада. “Луѓето во селото не веруваа дека било кој би сакал да инвестира во училиштево. Можете да замислите колку беа изненадени кога ги видоа работниците како го демонтираа кровот и почнаа со реновирањето.  Откако многу ученици заминаа во градот на училиште, сега сме убедени дека реновираното училиште ќе ги привлече да се вратат назад во селото и на тој начин ќе се зголеми бројот на учениците ”, рече претставникот од општината.

 

 

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;