ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

УСАИД ПЕП свеченост по повод успешното сертифицирање на 500-от наставник

На 18-ти февруари 2010 година во oсновното училиште Мирче Ацев од Општина Ѓорче Петров, се одржа пригодна свеченост по повод успешното завршување на ПЕП процедурата за сертификација од страна на петстотиот наставник кој работи во ова училиште.

Главната цел на ПЕП е преку процедурата за сертификација да обезбеди поголемо влијание од обуките со воспоставување систем за континуиран професионален развој.  За да се здобијат со сертификат наставниците треба да приложат доказ преку наставничко портфолио дека ги применуваат новите знаења и вештини, кои ги стекнале на обуките организирани од страна на ПЕП, за подобрување на наставната практика и постигањата кај учениците. 

„Ние не им доделуваме сертификати на наставниците само затоа што присуствувале на работилниците, туку затоа што сакаме да им оддадеме признание на оние наставници кои започнале да ги применуваат новите пристапи во наставата“, рече Кит Прентон, директор на Проектот на УСАИД за основно образование.  „Менувањето на начинот на работа не е лесно; тоа е исто како да правите чекор кон непознатото. Промената бара да поседувате храброст и знаење. Но, без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не, нашето општество и нашата технологија се менуваат и ние сме должни на нашите деца да им овозможиме да се подготват за 21 век“.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски и Кит Прентон ги доделија сертификатите на 20-те наставници од Мирче Ацев кои успешно ја комплетирале процедурата за сертификација.

Досега преку 550 наставници од 50 училишта ја завршија процедурата за добивање сертификати.

ПЕП им честита на сите наставници и им посакува натамошен успех во нивната
професионална кариера.
Ги охрабруваме останатите наставници да ја завршат процедурата за сертификација која што може да претставува драгоцено искуство за нив во напредување на професионален план.
Листата на училишта со најголем број на сертифицирани наставници може да ја најдете тука.


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;