Тетово - домаќин на последното филмско попладне
Последните три години, за време на зимските месеци, ПЕП прикажуваше популарни филмски остварувања со образовна тематика на колеги и друга одбрана публика.
Последното филмско попладне се оджа на 27 јануари во Арт Медиа Центар-от во Тетово каде беше прикажан филмот “Широка вода”. Во публиката беа над 60 наставници, директори, претставници од БРО и општината, психолози и педагози. Филмот предизвика жива дискусија поврзана со реформите во образованието.
Следните два филмски настани ќе бидат одржани во Струмица на 25 февруари и во Охрид на 25 март.
Филмовите се титлувани на македонски и албански јазик. По секоја проекција се организира дискусија на која се третираат прашања поврзани со филмот кои предизвикуваат различни коментари и реакции од публиката. Овие филмски пополадниња имаат неколку цели:
- Да обезбедат инспиративно и мотивирачко искуство
- Да развијат колегијален, тимски дух меѓу партнерите на ПЕП
- Да обезбедат можност за средба во неформална и опуштена атмосфера да се дискутира за професионални прашања и професионален развој
- Да се подигне нивото на професионална дискусија од технички на филозофски аспект
- Да и се претстават на публиката образовни прашања и практики од други земји
Може да ја погледнете листата на достапни филмови како и деталите за нив подолу. Ако сакате да
позајмите било кој од овие филмови и да ги прикажете пред вашите колеги во училиштето, ве молиме контактирајте ги Вирна Манасиева vmanasieva@pep.org.mk или Илир Зајази izajazi@pep.org.mk, побарајте не’ на тел. 02 3061620.
1. “Etre et Avoir” (Да се биде и да се има) … француски филм од Николас Филберт, со англиски титл
Низ цела Франција се уште има примери на училишта со Ќединечни паралелкиЌ во кои што еден наставник ги води учениците од градинка до крај на основното образоавние. Овој документарец, добитник на награди, ја раскажува приказната на еден наставник во неговата последна година во образованието.
Тема за дискусија: Што е квалитетно училиште
2. “Ahead of the Class” (На чело на класот, англиски филм) … Оригинален филм базиран на вистинска приказна
Во оваа емотивна драма во улогата на директорката се појавува меѓународната филмска ѕвезда Џули Волтерс. Таа доаѓа на местото на популарен директор пет години по неговото убиство што се случило на влезот на училиштето. Како нова директоркa таа е назначена да го трансформира ова проблематично училиште.
Тема за дискусија: Што значи квалитетно управување на училиште?
3. “Les Choristes” (Хористи, француски филм) … Во училиште со проблематични момчиња, директорот употребува строга дисциплина за да го одржи редот. Новиот наставник по музичко внесува надеж, задоволство и интерес во животот на децата, но мора да се бори против стариот ригиден систем.
Тема за дискусија: Што е квалитетен курикулум
4. “The Hobart Shakespeareans” (Хобарт Шекспиријанецот, американски филм) … филм од Мел Стјуарт
Во овој филмски документарец, учениците од сиромашните имигрантски населби посетуваат настава во училиште сместено во проблематичниот дел од Лос Анџелес, но имаат среќа да им предава прекрасен наставник.
Тема за дискусија: Што е квалитетно изведување на настава?
5. “Mr. Holland’s Opus” (Делото на г. Холанд)… е драма наградена со Оскар- зборува за музичар и композитор кој ја прифаќа учителската работа за да ја плати ќиријата додека се обидува да направи незаборавно музичко дело што ќе го направи славен. Ова завршува во негова 30-годишна успешна наставничка кариера.
Тема за дискусија: ”Какво влијание може да има наставникот врз неговите ученици?”
6. “The water is wide” (Широка вода) Овој телевизиски филм е римејк на театарско остварување, кој го користи оригиналниот наслов на новелата од Пет Конрој. Дејствието се одвива во 1969, а во главната улога се јавува Џеф Хефнер како Конрој, идеалистичен млад наставник кој ги користи страста и хуморот како наставни алатки за да допре до учениците.
Тема за дискусија: “Што го прави еден наставник квалитетен?”
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;