Министерот за информатичко општество ја посети ИКТ работилницата на ПЕП
Следејќи го успешното претставување на УТТП во основните училишта во Македонија, ПЕП ќе обезбеди дополнителна обука за нив, за да ги оспособи за одржување на Линукс компјутерите кои се донирани на училишата од страна на владата.
Од 17-19 февруари, ПЕП органзиизраше работилница во Скопје за главните обучувачи кои ќе ги обучат останатите наставници што ќе работата со УТТП.
Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, ја посети работилницата на нејзиниот последен ден за да
позборува со обучувачите и да ја истакне важноста на нивната работа во одржувањето на она во што владата инвестираше. Тој исто така, го истакна значењето на развојот на ученичките вештини за 21 век.
„Оваа работилница е од големо значење за нас, бидејќи работиме заедно во развивањето на нови вештини на учениците, кои што ќе им помогнат да најдат подобра работа,” рече министерот Иво Ивановски.
За време на следните неколку месеци, главните обучувачи ќе обучат по
двајца наставници од секое основно училиште.
Овие наставници ја координираат и организираат работата на УТТП во нивните училишта и тие последователно ќе ги обучат и членовите на УТТП да го користат Линукс прирачникот, подготвен од ПЕП. Прирачникот ќе биде достапен и во електронска форма за сите ученици во Македонија.
Околу 5000 ученици се вклучени во УТТП низ цела Македонија. Ако имате дополнителни прашања за УТТП, ве молиме контактирајте го нашиот координатор за ИКТ во образованието на pnikoloski@pep.org.mk .
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;