ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

Тимови за учење – модел за перманентен професионален развој

Со цел за поддршка на наставниците после посетената обука, Проектот за основно образование (ПЕП) организира средби на Тимови за учење на локално и на регионално ниво.

Во првото полугодие од оваа учебна година, беа организирани средби на единаесет тимови за учење на наставниците по математика и природни науки. На овие средби,  214 наставници имаа прилика да ги споделат своите искуства од работата со учениците, да ги дискутираат предизвиците на кои наидуваат и да добијат поддршка од колегите.

Состаноците на тимовите за учење обично траат 3 до 4 часа и се водени од обучувач на ПЕП.  Вообичаени активности за време на овие средби се:

  • Споделување на искуства од примената на наученото од обуките за унапредување на наставата по математика и природни науки;
  • Дискутирање приоритети во примената на новите приоди и цели во наставата;
  • Презентирање иновативни планирања на наставни содржини и продукти изготвени од учениците;
  • Презентирање проблеми на кои наставниците наидуваат и споделување идеи за нивно надминување;
  • Дискутирање на ПЕП процесот за сертификација;

Во 2010, овие состаноци ќе се организираат како составен дел од вториот циклус на обуки. На крајот на првиот ден од обуката за Унапредување на наставата по математика и природните науки, наставниците ќе добијат задача да испланираат и со учениците да реализираат содржини со користење на приодот – учење преку проекти или проблеми.  Овие проекти или проблемски ситуации ќе бидат презентирани и дискутирани за време на состаноците на тимовите за учење.

Се планира, до крајот на проектот, сите наставници да бидат вклучени во соодветните локални тимови и да присуствуваат на најмалку два вакви состаноци.

Некои од тимовите веќе се среќаваат редовно. На пример, Шабан Алија, наставник по математика од Тетово, не информира дека наставниците се многу задоволни од оваа активност на ПЕП, и дека се договориле  да имаат редовни месечни состаноци на ПЕП тимот за учење математика.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;