ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

Одржливост на промените во училиштата – Конференција за обучувачи

ПЕП организира конференција за обучувачи на тема “Одржливост на промени во училиштата” којашто се одржа на 22 Јуни, 2010 во Скопје.

Во текот на конференцијата ПЕП им оддаде признание на наставниците од основното образование и советниците од Бирото за развој на образованието кои, како обучувачи, придонесоа во процесот на подобрувањето на квалитетот на активностите за професионален развој на ПЕП и  одржување на работилниците. Овие обучувачи, исто така обезбедија дополнителна поддршка во училиштата за наставниците кои учествуваа во работилниците.

На конференцијата присуствуваа претставници на УСАИД и околу 120 обучувачи. Во текот на конференцијата беа организирани дискусии во помали тркалезни маси кои беа модерирани од учесниците обучувачи избрани од своите групи. Обучувачите дискутираа за придобивките и предизвиците со кои се соочуваа  во текот на нивната вклученост во проектните активностите на ПЕП, и предложија препораки за одржлива поддршка на наставниците во нивниот професионален развој.

Кит Прентон, директорот на ПЕП, ги покани раководителите на компонентите да го презентираат придонесот на проектните активности за професионален развој на ПЕП во областите: реновирање, математика и природни науки, ИКТ, оценување и развој на работната сила. На крајот на презентацијата Кит Прентон го потенцираше  значењето на активностите за професионален развој на ниво на училиште како континуиран процес и меѓусебна соработка во “премостување на јазот” помеѓу учеството на обуките и примената на новостекнатите знаења и вештини во наставата.

Во текот на последната сесија, обучувачите работеа на предлог акции за идните активности на професионален развој во училиштата, кои ќе промовираат промени и ќе го поддржуваат подобрувањето на наставната практика, а со тоа ќе ги развиваат вештините за вработливост на 21-от век кај учениците.


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;