ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

СПОДЕЛУВАЊЕ НА УСПЕШНИ ПРАКТИКИ ОД ФОРМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ

Во месец јуни, четири основни училишта имаа средба со цел да ги споделат своите успешни практики од оценувањето кои се резултат на работата во училиштата после завршените работилници од ПЕП проектот. Тоа се училиштата:
ОУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драслајца, Струга
ОУ „Санде Штерјоски“ – Кичево
ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје
ОУ „Сандо Масев“ – Струмица

Средбата на претставници од овие 4 училишта се одржа на 11 и 12 јуни во училиштето „Св. Климент Охридски“ – с. Драслајца.

Секое училиште презентираше видео материјал со снимен час за успешнa примена на методи за формативно оценување. Можноста да се биде заедно, учесниците ја искористија за го да споделат она на коешто тие како училишта се горди, но и да разговараат за проблемите со коишто се соочуваат. Наставниците, директорите, педагозите и психолозите дискутираа во пријателска и мотивирачка атмосфера и ја поздравија можноста за споделување на своите искуства со колегите од други градови и училишта.

Светлана Гашоска – координаторoт за оценување изјави: „Во овие училишта многу посветено се работи на унапредување на практиките во оценувањето“.

За време на средбата се разговараше за плановите за идните активности и беше договорено следната средба за споделување на практиките да се одржи во септември 2010. ПЕП - компонентата за унапредување на оценувањето ќе продолжи со поддршката за вмрежување и вклучување на повеќе училишта. Ако сте заинтересирани, Ве молиме обратете се до Светлана или Горица во канцеларијата на ПЕП.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;