ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

Научните ученички клубови го зголемуваат интересот за науката

Во март, ПЕП компонентата за унапредување на математиката и другите природни науки ги покани училиштата да формираат ‘Научни ученички клубови’. Овие клубови помагаат да се подобрат оценките на учениците и да ги мотивираат да продолжат со образование во областа на науката, технологијата, инжинерството и математиката. Беа формирани 30 клубови предводени од 44 наставници од 22 основни училишта и тие во минатиот месец учествуваа на изложбата организирана од страна на ПЕП.

Изложувачите на проектите од Научните ученички клубови беа одржани во Велес, Скопје и Битола. Училишта домаќини беа ‘Блаже Конески’ во Велес и ‘Климент Охридски’ во Битола. Настанот во Скопје беше одржан во Кинотека Македонија.  

“Ние сакаме да ги инспирираме учениците од основно образование претставувајќи им интересни и возбудливи активности кои ќе го промовираат доживотното истражување во доменот на науката,” рече директорот на Проектот на УСАИД за основно образование, Кит Прентон.  “Научните клубови дозволуваат учениците да истражуваат и да го откријат светот во порелаксирана средина за учење отколку што тоа го овозможува традиционалниот тип на настава.”

Преку 200 луѓе присуствуваа на секоја од овие изложби, меѓу кои наставници, ученици, родители, училишни директори, инспектори и советници за образование.

“Проектите што ги видовме на изложбите покажуваат дека учениците ги продлабочиле и прошириле своите знаења и искуство во математиката, физиката, хемијата, биологијата и географијата,” рече специјалистот за образование во УСАИД и одговорна за ПЕП проектот, Лела Јаковлевска.

ПЕП ги награди сите наставници и ученици кои беа вклучени во Научните ученички клубови.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;