ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

 

УЧЕЊЕ ПРЕКУ ПРОЕКТ ВО НАСТАВАТА ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ


Павлинка Вељановска, наставник по музичко образование во основното училиште “Гоце Делчев“ во Неготино,  е ентузијаст кога е во прашање примената на нови идеи во наставата. Откако ја заврши обуката за оценување, таа го воведe формативното оценување во нејзината настава. Добар пример како тоа го прави е работата на нејзините ученици од шесто одделение.
Кога учениците учеле за традиционална народна песна поврзана со историјата на нивниот град, ја избрала песната “Песна за баба Митра“.  На почетокот само мал број ученици ја знаеле песната. Затоа, наставничката Павлинка испланирала проект кој го нарекоа “По трагите на една песна“. Учениците го истражувале настанувањето на песната преку интервјуа, проучиле литература и ја истражувале културата во периодот кога песната настанала. Тие работеле во тимови, воделе дневник за истражувањето и ја оценувале сопствената работа и резултатите до кои дошле. Доказите за работата и сработеното ги собирале во нивните портфолија.
“Учениците подготвија извештај за сознанијата до кои дошле, презентација за другите ученици и напис за ѕиден весник“ објаснува Павлинка. Таа, исто така, објасни дека цело време ја следела и оценувала работата на учениците и ги користела методите на формативно оценување што ги научила во текот на работилниците во Проектот за основно образование.
До крајот на проектот, сите ученици умееле песната да ја запишат мелографски и емотивно да ја доживуваат при пеењето, што било главна наставна цел. Покрај тоа, учениците ги подобриле нивните вештини за истражување, вештините за тимска работа, за комуникација, за различни видови презентирање, за самоевалуација. Наставничката Павлинка забележала  дека и учениците што инаку не се интересирале за народна музика активно учествувале во проектот и го смениле односот кон народната музика.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;