Одбележан Денот на планетата земја
Годинава по третпат, на 25 април во Градскиот парк, беше одбележан Денот на планетата Земја, под мотото „Собирај ПЕТ за подобар свет“. Овој настан годинава го организираа Проект на УСАИД за рециклирање пластика, Министерството за животна средина и Град Скопје.
Проектот на УСАИД за основно образование заедно со партнер oрганизацијата Мдц.Ти.нет, на овој еко настан ги претстави “Зелените Училишта”. Околу стотина ученици од 20 зелени училишта формирани во повеќе градови во Македонијa, одржаа акција за чистење на зелените површини во паркот, упатија пораки за подигање на свеста за климатските промени и заштита на животната средина и ги претставија активностите што ги имплементираат во своите училишта. .
Во рамките на настанот учество зедоа и популарни музички ѕвезди, а на присутните им се обратија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и директорот на Проектот на УСАИД за основно образование Кит Прентон.
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;