ПЕП Новости

 






..

 

 






 

ПЕП и МИО во нова возбудлива мисија
24/7 ЦЕНТАР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) преку Проектот за основно образование отвори центар за техничка поддршка којшто е поддржан од страна на Министерството за информатичко општество.

Целта на центарот за техничка поддршка е да обезбеди помош за непречена работа со оперативните системи Едубунту и апликативните софтвери инсталирани на компјутерите и поставени во училиштата од страна на Владата на Република Македонија. Пријавените проблеми ќе бидат разгледани од стручни лица и на нив ќе биде одговорено во најкраток можен рок. Доколку проблемот не може да се реши телефонски, тогаш, во соработка со Министерството за информатичко општество, во училиштето ќе биде испратен систем администратор кој ќе работи на отстранување на проблемот.
Центарот за техничка поддршка нуди можност за поставување на прашања во писмена форма или телефонски.
Прашањата во писмена форма се поставуваат преку тикет-системот, а известување за статусот на секое прашање ќе се добие на e-mail адреса од испраќачот на прашањето. На едно прашање (тикет) може да возвраќате и повеќе пати (ако првичниот одговор не е доволно јасен или сакате да го дообјасните прашањето што сте го поставиле).
За користење на тикет-системот треба да се најавите на веб страната на центарот за техничка поддршка со пополнување на образецот за регистрирање. Откако успешно сте ја извршиле регистрацијата ќе добиете повратна е-меил порака во која ќе ви биде пратено корисничко име и лозинка. Со секое следно најавување ги внесувате истото корисничко име и лозинка.
За да поставите прашање по телефон, јавете се на 02/3098 167. Центарот за техничка поддршка работи со оператор од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот. Надвор од тоа време може да се остави говорна порака во траење од 1 минута.
Центарот за техничка поддршка нуди и сервис за соработка - наречен ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ. Ова е сервис преку којшто членовите меѓу себе си одговараат на поставените прашања. Прашањата се од области поврзани со оперативниот систем ЕДУБУНТУ, што се користи во основните училишта. Ако сакате да поставите прашање треба да се најавите преку OpenID, отворен систем за автентикација.

Подетални информации за користењето на центарот за техничка поддршка може да најдете на веб страната  www.thinktogether.com.mk .

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;

 

 

 

Испратете прашање во писмена форма преку тикет-системот,
а известување за статусот на вашето прашање ќе биде пратено на вашата e-mail адреса

 

За да поставите прашање по телефон,
јавете се на

Центарот за техничка поддршка работи со оператор од
понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот.
Надвор од тоа време може да оставите говорна порака во траење од 1 мин.

Во пораката по звучниот сигнал, за време од 1 мин. треба да ги оставите вашето име, тел. број и прашањето

Соработувајте меѓу себе преку сервисот за соработка ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ