![]() |
||||||
ПЕП Новости |
||||||
|
|
||||||
Работата на Ученичките тимови за техничка поддршка е значајна за секое училиштеЗа да им помогне на училиштата во одржување на компјутерите и останатата компјутерска опрема, (а со тоа да го зголеми пристапот на учениците до компјутерите) Проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП) го воведе концептот на Ученички тимови за техничка поддршка (УТТП). Членовите на УТТП се ученици од шесто до осмо одделение кои се надгледувани од двајца обучени наставници. На крајот на секоја учебна година, се избираат нови ученици како членови на УТТП. Со тоа, системот има самоодржливост и УТТП секогаш ќе има нови членови. Истражувањето беше спроведено во вид на електронски прашалник поставен на веб страната на ПЕП. Сите директори и ментори на ученичките тимови претходно беа информирани каде и како да го најдат и пополнат прашалникот. 272 училишта од цела Македонија одговорија на 12 прашања од кои се состоеше прашалникот. Од нив, 239 училишта имаат формирано Ученички тимови за техничка поддршка. Најголем број или 53% од вкупниот број на УТТП биле формирани во 2008 година кога за првпат беа вовоедени обуките за ученичките тимови. Од направената анализа се дојде до заклучок дека 60% од наставниците побарале стручна помош од членовите на Ученичките тимови за да им помогнат во работењето и користењето на интернетот. Само за еден процент е помал бројот на оние наставници кои побарале помош од учениците за да се приклучат кон интернет, односно кои побарале техничка помош поради одржување на компјутерите. 58% од наставниците имале потреба од помош при печатење на најразлични материјали, 39 % имале потреба од помош која што вклучува подготовка на интегрираните часови за ИКТ и 33 % од наставниците се обратиле за асистенција од овие Ученички тимови околу имплементација на интегрирани часови за ИКТ. За помош околу одржувањето на компјутерската мрежа се обратиле 33% од наставниците додека за помош при скенирање 32%. Ученичките тимови за техничка поддршка имаат значителна улога во одржувањето на училишните компјутери. Тие најмногу работат на чистење на компјутерите од вируси, инсталирање на софтвери и операциски системи, како и на дефрагментација на дисковите. Помалку има потреба да помагаат околу обезбедување стабилност на мрежата, како и на обезбедување на оптимален проток на информации во мрежата. Ученичките тимови за техничка поддршка со сите активности што ги преземаат, значително го зголемија пристапот до технологија во голем дел од училиштата. 92% од училиштата што го пополнија прашалникот одговорија дека со помош од УТТП им е овозможен полесен пристап до технологијата, а само 8% од одговорените прашалници укажаа на тоа дека Ученичките тимови не го овозможиле подобрувањето на пристапот до технологија во нивното училиште. Тимот на ПЕП им се заблагодарува на сите наставници кои го пополнија прашалникот, со што придонесоа во добивањето на информации за значењето од работата на Ученичките тимови за техничка поддршка. Оваа информација е од исклучително значење за планирањето на следните активности на УСАИД/ПЕП кои би се преземале во текот на оваа учебна година.
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;
|
Цитати извадени од одговорените прашалници: “Учениците помагаат во работата на старите училишни компјутери што се со Windows оперативен систем и на наставничките лаптопи, а исто така и при работата со ЛЦД проектори, печатачи, дигитални апарати и камери.” “УТТП можат да бидат активни само во рамките на кабинетот по инфоорматика, бидејќи другите компјутери се’ уште не се во употреба и сите активности на УТТП се однесуваат на оперативниот систем Windows. Учениците имаат само теоретско познавање за Едубунту, а како практично ќе се снајдат на училишните сметачи времето ќе покаже.”
“Во моментов членовите се повеќе оптоварени од очекуваното затоа што на сите им е првпат да применуваат ИКТ во наставата. Но Со тек на времето очекувам нивните обврски да се намалуваат.”
“Во нашето училиште има мал број на компјутри и тимот е нов. Учениците ги подготвуваме и резултатите треба допрва да ги видиме. Очекуваме добри резултати. “ |
|||||