Зелените училишта носат позитивни промени за
заштитата на животната околина
Како резултат на големиот успех и високиот интерес за пилот фазата на ПЕП активноста ,,Зелени училишта’’, беше одлучено оваа активност да се прошири и да бидат опфатени уште 15 нови училишта. Во тие училишта веќе се основани и ,,Зелени клубови’’ чиј просечен број на учесници е 25, а нивната активност е фокусирана на четири релевантни теми: енергетска ефикасност, заштита на водните ресурси, алтернативно управување со отпадот и еколошки транспорт.
Активностите кои ги спроведуваат учениците – членови во ,,Зелените клубови’’, како што се: истражувања, анкети, собирање на податоци, проектна работа и работа во групи, се нови и многу интересни за учениците. Работејќи на овие задачи, учениците се’ повеќе ја разбираат важноста на енергетската ефикасност и заштедата на вода и учат како да ја одржуваат животната околина чиста.
,,Ние сето ова го знаевме и од порано, но сега дознаваме повеќе детали во оваа насока и го разбираме значењето на проблемот’’, рече ученик – член во еден од новоотворените ,,Зелени клубови’’. 
Учениците од ,,Зелените клубови’’ обично се состануваат еднаш во неделата и дискутираат за нивните тековни активности. Тие веќе имаат направено презентации пред останатите ученици, наставници и училишниот персонал за значајноста на тоа да се биде пријателски настроен кон животната околина. Нивните уметнички изработки кои пренесуваат еколошки пораки се истакнати на ѕидовите на училишните простории. Некои од ,,Зелените клубови’’ ги презентираа своите еколошки пораки и пред локалната заедница и имаа акции за расчистување и надвор од училишниот двор. ОУ ,,Блаже Конески’’, од Прилеп организираше акција на чистење на блиското езеро. ОУ ,,Мирче Ацев’’ од Општина Ѓ
орче Петров пак, кое е дел од пилот фазата, создаде сопствен систем за селекција на отпад.
Училиштата и локалните заедници имаат придобивки од активностите на ,,Зелените клубови’’. Се забележуваат позитивни промени при енергетската ефикасност и заштита на водата од почетокот на работата на клубовите во училиштата. Еколошката свест кај учениците, наставниците и училишниот персонал е на повисоко ниво. Во иднина се очекува уште поголема ангажираност на учениците во вакви практични активности.
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;