| |
Поддршка на наставниците за поквалитетно тестирање
Проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП) и Државниот испитен центар (ДИЦ) на 9-ти март потпишаа Меморандум со кој го најавија почетокот на соработката за изготвување на електронска банка на тест задачи.
Една од целите на Компонентата на ПЕП ,,Унапредување на оценувањето во училиштата“ што се реализира во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), е да придонесе за подобрување на квалитетот на тестовите кои ги подготвуваат наставниците како и да ја подигне културата на тестирањето во училиштата.
Околу 150 наставници по различни наставни предмети следеа обука за изготвување тестови. Планирано е тестовите кои се подготвени од, овие наставници да бидат достапни за широка употреба. Тестовите заедно со прирачникот и материјалите од обуката, ќе служат како извори за учење при подготовка на тестови. За да се овозможи наставниците да ги разменуваат тест задачите што ги изготвуваат, ПЕП ќе го поддржи изготвувањето на електронска банка на тест задачи. Таа ќе биде дизајнирана како самоодржлива веб апликација на која наставниците ќе треба да прикачат свои тест задачи за да можат да добијат задачи што други наставници ги изготвиле. Електронската банка, исто така, ќе им овозможи на наставниците меѓусебно да ги ревидираат и коментираат тестовите.
Заради обезбедување квалитетно ревидирање на тест задачите како и одржливо администрирање на банката на тест задачи, ПЕП направи договор со ДИЦ, институцијата одговорна за разни видови тестирања на учениците, заеднички да работат на дизајнирање на банката на тест задачи. По завршувањето на ПЕП, Државниот испитен центар ќе продолжи да ја одржува оваа веб апликација.
,,Електронската банка на тест задачи ќе обезбеди високо-квалитетни тестови кои наставниците ќе можат да ги користат во нивната секојдневна работа’, рече Методија Јанчевски, директор на ДИЦ.
Се планира електронската банка на тест задачи да биде завршена до средината на мај оваа година, кога ќе биде готова за користење од страна на наставниците од сите основни училишта во земјава.
Претходни вести: 2011; 2010; 2009; 2008; 2007; |
|

Меморандумот беше потпишан од претставници на ПЕП, МЦГО и ДИЦ

,,Тест задачите можат да бидат многу корисни на наставницитеза при оценувањето.. Затоа ПЕП одлучи да даде поддршка на развојот на ваква електронска банка на тест задачи”, рече Горица Мицковска, координатор на ПЕП компонентата “Подобрување на училишното оценување”

Претставници од УСАИД/ПЕП, МЦГО и ДИЦ
|
|