ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА КОМПОНЕНТАТА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОЦЕНУВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА

Активностите и постигањата во компонентата Унапредување на оценувањето  во Проектот за основно образование беа презентирани на пленарна сесија на меѓународната конференција за оценување што се одржа на 11 и 12 март во Цеље, Република Словенија,

Раководителот на компонентата Горица Мицковска во излагањето Важноста на повратната информација во процесот на настава и учење ги презентираше проблемите со кои во Македонија се сретнуваме во оценувањето во училиштата и активностите што за нивно надминување се преземаат во Проектот за основно образование. Фокусот во излагањето беше на давањето повратна информација на учениците и на придонесот на активностите на Проектот за основно образование за подобрување на квалитетот на повратната информација. Учесниците на Конференцијата покажаа големо интересирање за промените во оценувањето на учениците во Македонија.

Воведно излагање на Конференцијата имаше еден од најистакнтаите истражувачи во областа на оценувањето во светот, професорот Пол Блек од Кингс Колеџот од Лондон. Неговото присуство беше искористено да се продискутираат искуството во унапредувањето на оценувањето во Проектот за основно образование, плановите за наредните активности и други релевантни прашања поврзани со оценувањето.   

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;