ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

 

Ученици од шесто одделение подготвија наставно помагало за Питагорова теорема


Шестоодделенците Давид Малинковски и Никола Торбовски, од основното училиште “11 Октомври” во Скопје, со помош на нивната наставничка по информатика Ирина Иванова подготвија анимација за учење на Питагоровата теорема.
Идејата за оваа анимација е на наставникот по математика Јордан Дудески, кој сакаше да најде интересен начин на кој неговите ученици од седмо одделение ќе ја научат Питагоровата теорема. Јордан и наставникот по музичко Звонимир Атанасов подготвија песна за Питагора.
Потоа, наставникот Јордан Дудевски организира нагледен час кој беше следен од вработените во Проектот за основно образование, на кој учениците со користење на прирачен материјал работејќи во групи, проверуваа дали Питагоровата теорема навистина “ функционира практично “.
Овие манипулативни активности, заедно со песната и анимацијата покажаа дека часовите по математика можат да бидат забавни. Со големо внимание и трпение, учениците уживаа во активностите, велејќи дека овој начин на стекнување знаења и развој на математички вештини за нив е многу корисен и дека тие никогаш нема да ја заборават Питагоровата теорема.
На вработените во ПЕП Јордан им кажа: “Прекрасно е да се гледа колку учениците се мотивирани. Низ ваков начин на работа тие практично го применуваат своето стекнато теоретско знаење, а во исто време полесно стекнуваат нови знаења.”
Кликнете тука, и учениците од основното училиште “11 Октомври” во Скопје ќе Ви помогнат да ја научите Питагорова теорема.

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;