Учениците ја користат ИКТ да го промовираат локалниот саем на здрава храна
Регионот на Чашка е рурално подрачје во центарот на Мaкедонија. Тука, во селото Теово, учениците од основното училиште „Петре Поп Арсов“ од Богомила ја искористија ИКТ за промоција на локалниот саем на здрава храна. Главната цел на саемот е промовирање на локалните земјоделци, специјалитети, традиционлни носии и рачно изработени предмети од околните места.
Ова е третпат саемот за здрава храна „Поблиску до природата“ да се организира во оваа општина. Со цел овој настан да добие на публицитет, претставниците на општината се обратија на училиштето и ги замолија за помош во промотивниот дел на настанот. За време на викендот на 13, 14 и 15 март оваа година, членовите на ученичкиот тим за техничка поддршка вредно работеа во компјутерската училница и припремија брошури, визит карти, натписи, знаменца и мултимедијално ЦД за општината. Многу нов промотивен материјал за регионот, општината и целата заедница направен од учениците, беше презентиран пред учесниците на саемот. Новите промотивни материјали ги нагласуваат убавините на регионот, неговите природни и историски вредности, локалното производство на здрава храна и партнерството помеѓу училиштето и општината. Заедничкиот проект на општината и
основното училиште „Петре Поп Арсов“ е инзвонреден пример за тоа како најдобро да се искористат достапните ресурси, новата технологија и локалните средства за градење на капацитети на локалната заедница.
„ Учениците беа мотивирани да го прикажат своето знаење во користење на ИКТ. Ова е првпат некој да им се обрати за помош и да смета на нив за организирање на ваков важен настан за заедницата. Имаајќи во предвид дека општината го побара тоа од нив, може да замислите колку беа горди додека работеа!“ изјави Славица Карбева, наставник по информатика задолжена за ученичкиот тим за техничка поддршка. На учениците беше овозможена дополнителна помош од страна на директорката на училиштето Нина Маркова, од Лидија Пљакова и Деме Ангелов од општината Чашка и Христаки Кузмановски од Крушево.
Опремата која учениците ја користеа за своите изработки е донирана од Проектот за основно образование ПЕП.