Одбрани се новите училишта за реновирање од Фаза 4!
ПЕП компонентата Реновирање на училишта ги идентификуваше училиштата за Фаза 4 од проектот.
Во септември 2009 беше објавен повик за аплицирање и сите општини имаа можност да ги поднесат своите апликации за реновирање на најмногу две училишта. До крајот на октомври 2009, 109 апликации беа поднесени од страна на 70 општини. Работната група од компонентата реновирање ги оцени апликациите и избра 23 основни училишта за реновирање. Со овие 23 училишта и претходните 77 основни училишта реновирани во претходните фази, ПЕП ќе има 100 реновирани училишта до крајот на проектот во 2011. Потребите за реновирање на училиштата се различни, но најголем дел од проектите се однесуваат на замена на столарија, реконструкција на кровови и целосни реновирања на објектите. Имплементацијата на првите проекти ќе започне во јануари 2010.
Останатите училишта кои аплицираа ќе бидат ставени на приоритетна листа во случај да има дополнителни фондови. Листата на селектирани училишта можете да ја погледнете овде.
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;