ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

        Децата од ромскиот центар “Сумнал“ помогнаа да се украси Божиќната  елка во ПЕП

          Следејќи ја нашата традиција да се покануваат деца кои ја китат Божиќната елка во ПЕП, во понеделникот на  21 Декември, тимот на ПЕП уживаше во друштвото на децата од ромскиот центар "Сумнал". Десет деца на возраст од 5-10 години, ја китеа елката на ПЕП. Тие прошетаа низ канцеларијата на ПЕП, каде им беше претставен персоналот и  работата. Освен пица и колачи, тие исто така, добија и подарок од секоја компонента.

Децата од Сумнал беа многу добри гости. Сите уживавме во нивната забава и смеа и нивните љубопитни прашања - Кој јазик го зборувате во ПЕП? Кога од работа си заминувате дома? Колку пари  заработувате? Како се станува работник во ПЕП?

На крајот на незаборавното дружење , децата од Сумнал не забавуваа со пеење и танцување околу елката. Тие дури и пееја на на англиски за нашите директор!

Ромскиот центар "Сумнал", организира и изведува разни образовни, социјални и други активности за надградување на личноста. Дополнителното  образование е јадрото на Сумнал активностите. Секој ден децата имаат  еден до два часа на кои им се помага во пишувањето домашни работи под менторство на персоналот и волонтерите на  Сумнал. Денес оваа програма им помага на повеќе од 200 деца на ден.

         

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;