Почна новата филмска сезона на ПЕП!

 

На 26 јануари 2009, ПЕП ги оживеа зимските филмски вечери, прикажувајќи филм со едукативна содржина проследена со дискусија за едукативните проблеми. Филмот што се прикажа е “Mr. Holland’s Opus“ (Делото на г. Холанд), номиниран за Оскар и за Златен Глобус. Публиката уживаше во топлата приказна за кариерата и животот на наставник по музичко. Дејствието ја следи триесет годишната кариера на г. Холандс. Филмот ја прикажува и американската историја од 1960-те до 1990-те, вклучувајќи ја Виетнамската војна, атентатот на Џон Ленон и Вотергејт скандалот. Филмот се задржува и на проблемите поврзани со третманот на деца со посебни потреби (глувонеми деца), како и со укинувањето на предметите за уметност во државните училишта низ САД.
Панелисти беа: познатиот македонски виолинист, Зоран Џорлев, поранешен балетант, Владимир Караев, активист од невладиниот сектор и претседател на Рубикон, едукатор во “СОС Детско Село” и Весна Димчевска, диригент на детскиот хор “Пиколо“. Покрај другите нивни способности, овие панелисти се едукатори и нивната вистинска професија е образованието.
Настанот се случи во Кинотеката Македонија. Дискусијата на тема “Какво влијание може да има наставникот врз своите ученици?“ разви голем интерес кај присутните наставници и други претставници на училишта, општинските советници и експертите за образование. Некои од нив изразија желба за позајмување на филмот со цел да го прикажаат пред нивните колеги и ученици.
ПЕП ќе одржи понатамошни филмски вечери во Кинотека Македонија во Скопје и исто така, планира да прикажува одбрани филмови за време на информативната кампања што ќе ја направи во април, 2009.

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД