|



|
|
ПЕП и МОН ја потврдија соработката и поддршката за основните училишта во Македонија
Нов Меморандум за соработка беше потпишан во среда, на 28 јануари помеѓу УСАИД Проектот за основно образование и Министерството за образование и наука. УСАИД овозможи дополнителни фондови за новата компонента “Развој на работната сила” во склоп на ПЕП и оригиналниот Меморандум за Соработка потпишан во април 2007, беше дополнет за да бидат вклучени активностите на новата компонента.
Меморандумот за соработка беше потпишан од директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија г. Мајкл Фриц, Министерот за образование и наука г. Перо Стојановски, директорот на ПЕП Кит Прентон и директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватович.
“Подобрувањето на работните вештини на учениците како одговор на барањата на пазарот на труд ќе продолжи да биде еден од главните приоритети на УСАИД, ” рече Мајкл Фриц, директорот на Мисијата на УСАИД, “Новата компонента за развој на работната сила обезбедува додадена вредност на оние цели што го промовираат претприемништвото и способностите за вработување кај младите луѓе и им помага да ги разберат релациите меѓу училиштето и работата”
Посетителите имаа можност да ја проследат изложбата на разни продукти и опрема донирана на училиштата од страна на ПЕП.
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер
©2007 УСАИД Проект за Основно Образование УСАИД • АЕД |
|
|