Оценување за подобро учење во уште 143 училишта

Од јануари уште 143 училишта се вклучени во ПЕП компонентата: Унапредување на оценувањето. Сега бројот на училиштата кои систематски  работат на примена на стандарди за квалитетно оценување се зголеми на 203.
Со нововклучените училишта почнува нова фаза во спроведување на обуките. Од секое училиште четиридневните семинари ги посетуваат 3-4 претставници. Тие  неколку месеци ќе ги применуваат новите приоди во оценувањето, а потоа, со поддршка на главните обучувачи во компонентата, во своите училишта ќе одржат семинари за колегите.
На семинарите се забележуваше дека учесниците беа многу мотивирани и заинтересирани за новите приоди во оценувањето. Тие имаа многу ентузијазам, но исторвемено со позитивна загриженост се однесуваа кон својата улога на идни обучувачи во своите училишта.
Зголемувањето на бројот на училиштата кои се вклучени во компонентата: Унапредување на оценувањето, ќе придонесе за споделување на идејата дека квалитетното оценување има за цел да ги подобри учењето и постигањата.

Листата на нововклучените училишта може да ја видитe тука

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД